Колку го познавате вашиот партнер? Девојки, можете ли да одговорите на овие прашања?
Секоја девојка се интересира за нејзиниот партнер, за неговите омилени работи, за работите кои го нервираат и уште многу други детали. Но, колку тие навистина се запознаени со неговиот живот? Па, девојки, обидете се да одговорите на овие педесет прашања и проверете дали го познавате вашиот партнер толку колку што мислите.
1. Како се вика неговиот шеф?
2. Колку често тој се бричи?
3. Колку братучеди има?
4. Кој е неговиот омилен филм?
5. Која е неговата омилена песна?
6. Што повеќе сака, дожд или снег?
7. Дали повеќе сака мачки или кучиња?
8. Каде е роден?
9. Во кој ресторан или кафуле оди најчесто со неговите пријатели?
10. Со кој од неговите роднини е најблизок?
11. Колку чаши алкохол му се потребни за да се опијани?
12. Кој хороскопски знак е?
13. Колку личности има бакнато?
14. Колку домашни миленици имал во неговиот живот?
15. Колку време му е потребно за да ја порасне брадата?
16. Која крвна група е?
17. Колку пати полагал пред да земе возачка дозвола?
18. Во колку часот обично станува за време на викендите?
19. Кој е неговиот телефонски број?
20. Дали излегува на гласање?
21. Со која мелодија му ѕвони мобилниот телефон?
22. Каде најдалеку има отидено?
23. Дали некогаш бил на погреб?
24. Која храна не ја сака?
25. Кој е неговиот омилен пијалак?
26. Дали повеќе сака море, езеро или базен?
27. Кој филм го има гледано повеќе од десет пати?
28. Колку пати бил заљубен?
29. Каде последен пат бил на одмор?
30. Која е неговата омилена поза во сексот?
31. Дали е авантурист?
32. Колку држави во светот има посетено?
33. Која е неговата омилена држава?
34. Колку време му е потребно за да се подготви наутро?
35. Дали бил популарен во средно училиште?
36. Кој е неговиот омилен спомен од детството?
37. Каков шампон користи?
38. Дали некогаш учествувал во тепачка?
39. Колку често мастурбира сега кога е во врска?
40. Кој е негов најстар пријател?
41. Во кое основно училиште учел?
42. Колку деца сака да има?
43. Дали има живеено во различни куќи?
44. Што јаде за појадок повеќето утра?
45. Дали некогаш бил во стриптиз клуб?
46. Колку денови во неделата пие алкохол?
47. Дали има пушено марихуана?
48. Дали е алергичен на нешто?
49. Кој најмногу го има повредено?
50. Дали планира да го помине остатокот од животот со тебе?