Колку е ајварот навистина здрав? И дали зимницата е добра за вас?
Дали и вие подготвивте ајвар, како и повеќето домаќинства во Македонија? Ако ве интересира кои се предностите на сите видови зимници, особено на ајварот, тогаш дојдовте на вистинското место. Во продолжение откријте колку калории има во ајварот, и дали е зимницата здрава за јадење.
Ајварот скоро и да нема калории, па затоа и не можете да претерате со него. Тој нема ни некоја голема нутритивна вредност, бидејќи се прави од печени или барени пиперки, кои потоа се пржат, на тој начин губејќи ја својата хранливост. Сепак, ајварот е одличен извор на хранливи влакна и вистински деликатес што може да го надополни секој македонски оброк.
Сепак, ако не правите самите ајвар, најдобро е да купите неколку тегли индустриски производ отколку од оние што се продаваат на тезга затоа што не можете да знаете колку конзерванси има и дали има некои други штетни состојки во нив.
Кога овошјето термички се обработува, настанува губење на некои витамини, како што се Ц, Б и А, но и понатаму остануваат минералите, хранливите влакна и фитонутриентите кои се од голема важност за организмот.
Од друга страна пак, со киселењето на зелката се подобрува нејзината нутритивна вредност. Единствено киселата зелка ја подобрува својата хранливост и го зголемува количеството на витамин Ц. Пробиотичките култури што природно се создаваат во киселата зелка преку ферментација се одлична одбрана на организмот во зимските денови. Киселото овошје му е потребно на организмот во текот на зимата, бидејќи во овој период сите јадеме потешка и помрсна храна, а киселото овошје ги разложува мастите и го забрзува варењето. Доколку патите од хипертензија, треба да внимавате на количината сол што ја додавате во зимницата и да не заборавите да ја исперете со вода пред јадење за да се измие солта целосно.
Пробајте ја и оваа необична посна пица со ајвар, готова за само 10 минути.