Колку долго треба да се допишувате при онлајн запознавање, а кога е веќе премногу?

Колку долго треба да се допишувате при онлајн запознавање, а кога е веќе премногу?

Запознавањето преку Интернет и социјални мрежи е доста популарно и на овој начин можеме да стапиме во комуникација со личност со која инаку не се ни разминуваме во текот на денот. Сепак, како и во секој друг начин на запознавање, постојат замки во кои лесно може да се падне.

Колку долго треба да се допишувате при онлајн запознавање, а кога е веќе премногу?

Честопати може да се случи да се добие впечаток на заљубеност по само неколку дена допишување и тоа иста како кога реално се случува – со насмевки на секоја порака и пеперутки во стомак на секоја нова нотификација. За разлика од традиционалните состаноци, онлајн допишувањата се поедноставни бидејќи благите напади на паника ги доживувате или сами, или во друштво на најдобрите пријатели, но не и пред личноста која е предмет на вашиот интерес.

Проблемите кои може да се појават се преголемото потпирање на социјалните мрежи, од аспект на запознавање на личноста. Вистина е, од профилот можеме да дознаеме каква музика слуша другиот, кои му се омилени филмови и што го интересира во слободното време, но не и реалните карактерни особини. При средба, може да се случи, дури и кога добро ви одел разговорот, да сфатите дека не сте компатибилни како личности.

Од друга страна, социјалните мрежи ни даваат голем избор, па затоа е лесно да елиминираме дали некого ќе запознаеме или не, само врз основа на впечатокот што го добиваме од видливиот дел од профилот. Допишувањето често оди многу полесно отколку реалната комуникација, но исто така предизвикува да имаме преголеми очекувања од соговорникот.

Во однос на тоа колку време треба да трае допишувањето пред реалното запознавање, оптимален период се три недели. Сè што е подолго од тоа може само да доведе до помало задоволство и поголемо разочарување кога ќе дојде до реалната средба.

Прочитајте ги и овие 8 совети од луѓе кои ја пронашле својата љубов онлајн.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар