Колку долго треба да ја држите положбата планк за видливи резултати?
Речиси и да не постои личност којашто вежба, а не се колне во ефикасноста на вежбата планк. Концептот е навистина едноставен, а резултатите се неизоставни. Но колку всушност треба да ја држите оваа положба за да забележите некаков резултат?
Личниот тренер Даг Склар од Њујорк, смета дека најдобро е да ја држите положбата од 10 секунди до 1 минута.
„Најдобро е да правите 3 сета во времетраење од 60 секунди. Сосема во ред е да почнете со пократки сетови, сè додека не стигнете до една минута.“
Покрај тоа, и пократкото време може да даде задоволувачки резултати.
„Обидете се да издржите 10 секунди, опуштете се 5 до 10 секунди, па повторете во траење од 10 секунди. На овој начин направете серија од 6 повторувања“, советува Даг.
Оваа вежба може да го зајакне вашето тело, но најважно е да ја изведувате правилно за да го намалите ризикот од повреди. Телото мора да ви биде поставено во цврста, рамна положба, карлицата повлечена за да не го виткате грбот надоле или нагоре, а нозете треба да бидат цврсто исправени.
Пробајте го овој планк предизвик од 21 ден што ќе ви помогне да се ослободите од масните наслаги на стомакот.