Колку долго треба да чекате за ефектот на козметичките препарати?

Колку долго треба да чекате за ефектот на козметичките препарати?

Салицилната киселина ќе ги смири акните за две седмици, но за да почне со отстранување на брчките, на ретинолот ќе му требаат дури 12 седмици. Колку време е потребно за да почне дејството на козметичките средства?

Колку долго треба да чекате за ефектот на козметичките препарати?

Навистина е фрустрирачки кога давате пари за козметика, а таа никако да почне да функционира. Сите популарни козметички производи бараат одреден временски период пред да започнат да функционираат. Вие треба да ги нанесувате редовно, во согласност со упатствата и да бидете трпеливи. Дерматолозите откриваат колку точно треба да чекате и кога ќе се појават првите резултати.

„Како прво, секоја од состојките бара своја рутина, има свој начин на дејствување и придобивките од нив се различни“, вели дерматологот Џанел Вега.

Како што напоменува Вега, важно е да се знае што навистина може да направи козметиката, но и да се разликуваат првите подобрувања од максималниот ефект на козметичкиот производ. За повеќето козметички производи, потребни се 12 седмици за да се покаже максималниот ефект. Сепак, првите промени може да се забележат по неколку седмици. Во продолжение прочитајте колку точно треба да чекате за дејството на козметичките препарати.

Витамин Ц – 4 седмици

Витаминот Ц е антиоксидант и ја осветлува кожата. Сепак, овие две дејства не се појавуваат секогаш истовремено, ниту се подеднакво изразени.

Антиоксидантите, чија улога е да ја штитат кожата, дејствуваат веднаш по нанесувањето.

Што се однесува до осветлувањето, витаминот Ц прво спречува формирање нови дамки на кожата, a потоа почнува да ги осветлува постоечките дамки. Поради тоа, одредено време ќе ви се чини дека витаминот Ц не дејствува, иако веќе го чувствувате ефектот. Само по четири седмици од користењето на препаратот со витамин Ц, ќе можете да ги видите првите резултати, а максималниот ефект ќе го постигнете по цели 12 седмици редовна употреба.

Салицилна киселина – 12 седмици

Салицилната киселина ги отстранува црнките и акните. Сепак, за да функционира, мора да почекате неколку седмици, а колку точно зависи од состојбата на вашата кожа. Дерматолозите се согласуваат за една работа: околу дванаесеттата недела од употребата, ефектот на салицилната киселина веќе ќе биде видлив.

Бензоил пероксид – 2 седмици

Ова соединение ги убива бактериите што предизвикуваат акни и дејствува прилично брзо. За две седмици, воспалените акни ќе се смират, а кожата ќе изгледа поздраво. Сепак, потребно е повеќе време за да исчезнат мозолчињата, обично околу шест седмици.

Хијалуронска киселина – веднаш

Дејството на хијалуронската киселина започнува веднаш штом ќе се нанесе на кожата. Таа ја задржува водата во вашата кожа. Нејзиниот ефект започнува неколку минути по нанесувањето и трае неколку часа.

Ретинол – до 12 седмици

Една од најпопуларните супстанции против стареење – ретинол, го стимулира обновувањето на кожата затоа што ја стимулира да произведува колаген. Бидејќи ретинолот мора прво да го активира нашиот внатрешен механизам и да го натера телото да ги произведува потребните супстанции, потребни се 4 до 12 седмици за да дејствува. Покрај неговото дејство против стареење, ретинолот ги чисти порите и ја чисти кожата. Овој ефект може да се забележи во текот на првите шест седмици.

Овошни киселини (AHA)

Алфа хидроксилните киселините, попознати како овошни киселини, покажуваат подобрување за една или две седмици. Нивната задача е да го отстранат слојот мртви клетки и да обезбедат сјај на кожата на лицето. Ако сакате овошните киселини да ја средат вашата депигментација, тогаш ќе мора да почекате околу 12 седмици.

Кофеин – веднаш

Кофеинот ги смирува подочниците со подобрување на циркулацијата на крвта. Дејствува многу брзо, но ефектот е ограничен на максимум 24 часа.

Погледнете кои се 10-те најчести проблеми со кожата и како да ги решите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар