Колку често се бакнувате? Одговорот може да открие колку долго ќе трае вашата врска

Колку често се бакнувате? Одговорот може да открие колку долго ќе трае вашата врска

Кога ќе почувствуваат какво било оддалечување, многу парови во врската или во бракот се обидуваат одново да се зближат преку почести сексуални односи, но терапевтката за парови Кејт Еванс препорачува да се обрне внимание на нешто многу поважно – на бакнежите!

Кога паровите што имаат проблеми во врската или во бракот бараат помош од неа, таа најпрво им ги поставува следниве прашања:

  • Колку често се бакнувате?
  • Колку често имате сексуални односи?
  • Кои се заедничките вредности што ги делите?
  • Колку долго имате проблеми во врската/бракот?

Како што можете да видите, најважното прашање е тоа што прво се поставува и неговиот одговор дава многу информации за тоа колку се поврзани партнерите, бидејќи во врска без бакнежи интимноста многу брзо избледува.

Сексуалната интимност не подразбира само секс, и бакнежите играат голема улога. Всушност, бакнувањето е многу поинтимен чин од самиот секс па затоа и првиот бакнеж се памти поживописно од првиот сексуален однос. Без оглед на тоа колку сте зафатени, секогаш има момент во денот што може да се издвои за бакнеж. И токму тој момент може да биде причината за градење поиздржлива врска или поцврст брак.

Покрај бакнежите, исто така и прегратките се многу драгоцени. Секој пар што има потешкотии со физичкиот контакт мора да воведе секојдневни прегратки во својата рутина. Тие може, но и не мора да бидат проследени со бакнежи.

Што се однесува до самите бакнежи, најдобро е тие да бидат во уста. Обидете се да стекнете навика да се бакнувате на излегување од дома, кога се враќате дома, пред да си легнете да спиете, кога одите некаде на пат или кога се враќате од пат. Исто така убаво е и да го изненадувате вашиот партнер со неочекувани бакнежи. Едноставно прегрнете го и бакнете го додека работи нешто или само седи и гледа телевизија. Исто така ако излегувате пред тој или таа да се разбуди или се враќате дома, а тие спијат, повторно не пропуштајте го бакнежот.

Со секој бакнеж вие му покажувате на партнерот колку ви е важен. Не дозволувајте да се оддалечите и да изгубите нешто драгоцено во својот живот. Сè што треба да направите е само почесто да се бакнувате.

Прочитајте и кои се здравствените придобивки од бакнувањето!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар