Колку царски реза може да издржи женското тело?

Колку царски реза може да издржи женското тело?

Во многу држави е забележано зголемување на породувањето со царски рез. Па ако планирате да имате бебе, големи се шансите дека ќе се породите со царски рез. Сепак во овој случај, постои околу 90% шанса и вашето следно дете да биде родено со царски рез. Но, колку вакви потфати може да издржи женското тело?

kolku-carski-reza-mozhe-da-izrdrzhi-zhenskoto-telo-kafepauza.mk

Научниците немаат конкретен одговор, иако веќе покажано е дека колку е поголем бројот на овие операции, толку е поголем ризикот.

„Обично, 1 или 2 царски реза не го зголемуваат ризикот ни за мајката, ни за детето. Штом жената ќе направи 3 или повеќе царски реза, значително се зголемува ризикот од компликации“, вели доктор Мара Френсис.

Но за кои ризици станува збор? Со секој нов царски рез, треба да се внимава на следниве нешта:

1. Лузни на матката

Секојпат кога имате абдоминална операција ви останува лузна. Колку повеќе лузни има, толку е потешко да се изведе царскиот рез.

2. Проблеми со плацентата

Понекогаш со неколку царски реза, вашата плацента може да почне да се однесува чудно. Може да биде премногу навлезена во ѕидот на матката, па дури и да го затвори грлото на матката.

3. Повреди на мочниот меур

Ова не е често, но се случува после неколку царски реза.

4. Обилно крвавење

Со повеќе царски реза се зголемува ризикот од обилно крвавење. Иако ова може да се случи и на првиот царски рез, со зголемување на операциите се зголемува и ризикот.

Одлучете пред да дојде време за породување

Кога одбирате болница, распрашајте се за нивната полиса за царски рез. Сепак таа има најголемо влијание за тоа дали здравата бременост ќе заврши со царски рез. Запомнете дека овие зафати денес се многу побезбедни и навистина спасуваат животи. Иако нема одреден број за операциите кои можете ги поднесете, јасно е дека ризикот значително се зголемува после третиот царски рез.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар