Колкаво е влијанието на парите врз врските?
Финансиите можат да влијаат на врската многу повеќе отколку што мислите. Имено, несогласувањата околу парите се неизбежни и во најсреќните врски, особено кога едниот партнер заработува повеќе.
Разликата во платата може да предизвика чувство на безвредност кај едниот партнер и фрустрација, што може да резултира и со прекинување на врската. Според експертите, следниве правила можат да ви помогнат во овие ситуации.
1. Планирање
Планирањето на долгорочните цели и штедењето ќе ви помогнат да се фокусирате на заедничките пари, а не на „мои“ или „твои“. Пробајте го ова со мали чекори. На пример, размислете да купите нешто заедничко со следните плати. Подоцна променете ја перспективата и почнете да штедите на месечно ниво, па така парите ќе се собираат со текот на времето. На овој начин и двајцата ќе се чувствувате задоволно и одговорно за вашето мало богатство.
2. Разговарајте за парите
Најважно е да бидете отворени. Едно истражување покажало дека најуспешни парови се оние кои ѝ даваат значење на меѓусебната финансиска ситуација. Среќните парови ја знаат сегашната и минатата финансиска ситуација. На овој начин подобро комуницираат и подобро се разбираат.
3. Тимска работа со јасни граници
Експертите предлагаат паровите кои само што се вселиле заедно, на почетокот да имаат јасно распределување на парите. Доколку купувате стан или куќа, договорете се сопственоста да го одржува и вашиот придонес. Овој пристап ја олеснува комуникацијата и решава многу потенцијални проблеми. Плаќањето на сметките е нешто за коешто морате да се договорите и најдобро е да ги прилагодите заработката и количината пари што можете да ја дадете.
4. Знаци на опасност
Парите сепак можат да предизвикаат сериозни проблеми, па важно е да ја препознаете границата. Чувството на горчина може да се појави кога едниот партнер премногу троши или кога другиот премногу контролира и ја нагласува неговата финансиска моќ. Имајте на ум дека и финансиското малтретирање е малтретирање и се случува кога едната личност се обидува да ја преземе целата контрола над финансиските средства.
Погледнете и кои се најчестите проблеми во врските и како да се справите со нив.