Претходно
Колекција од Томи Хилфигер за лица со посебни потреби
Дизајнерот Томи Хилфигер ја носи модата на ново ниво. Оваа недела тој ја покажа својата трета колекција за луѓе со посебни потреби.
Во 2016-та година, Хилфигер ја создаде првата колекција за деца со посебни потреби. Тој соработувал со Runway of Dreams, непрофитна организација која се залага за вклучување на лицата со посебни потреби во модната индустрија.
Во 2017-та година дизајнерот ја направил и првата модна линија наменета исклучиво за возрасни со посебни потреби.
Третата модна линија вклучува парчиња облека како фустани, панталони, палта, јакни, здолништа и шорцеви.
Продолжува на следната страница…