Колекција инспирирана од летните кампувања
И да не сте биле досега во камп сигурно сте ги слушнале раскажувањата на оние кои биле за незаборавните дружби, песните кои и денес ги погодуваат и им будат спомени, за тоа како кога би можеле уште веднаш би заминале на кампување.
Токму од истата причина модната дизајнерка Тамара Вајдер, ја создала оваа колекција во 2014 година, наречена КАМП.
Таа била инспирирана од своите осум лета поминати во камп од каде што шорцевите, памучните маички и светлите џемпери останале врежани во нејзината меморија.
„Моите најдобри детски спомени се од летниот камп. Секој кој преноќувал во камп секоја година од своето детство го мисли истото. Тоа е место каде што можеш да бидеш комплетно свој и да немаш грижи за надворешниот свет.“
Колекцијата е лансирана за ова лето, па погледнете дел од парчињата во продолжение.
„Јас најдобро се чувствував во облеката за кампување, тогаш си поминував најубаво во животот… Сакав да создадам колекција наречена КАМП, за да ви ги вратам тие сеќавања. Кога ќе посегнете по нешто од оваа колекција во вашиот плакар, посегнувате по нешто удобно кое ќе ви ги наврати носталгичните сеќавања.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.