Колачиња со порака (Fortune cookies)

Колачиња со порака (Fortune cookies)

Сите ги знаеме кинеските колачиња со порака кои ги даваат во оригиналните кинески ресторани насекаде низ светот. Во секое колаче се крие убава порака.

Колачиња со порака (Fortune cookies)

Сега, овие колачиња можете да ги направите и вие дома. Тоа би било одличен начин да ги изненадите пријателите за време на заедничко собирање, ручек или вечера.

Колачиња со порака (Fortune cookies)

Прво, испечатете на лист љубовни, мотивациски, смешни или обични пораки по ваша желба и исечете ги.

Колачиња со порака (Fortune cookies)

Потребни состојки за колачите:
  • 2 белки
  • 1 лажичка сок од лимон (по желба може да ставите екстракти од кафе, ванила или јагода)
  • 3 лажици растително масло за јадење
  • 8 лажици брашно
  • 1 1/2 лажици нишесте
  • 1/2 лажичка сол
  • 8 лажици шеќер
  • 3 лажици вода

Подготовка: Во сад нежно изматете ги белките, лимоновиот сок и маслото (да не бидат цврсто изматени). Во друг сад измешајте ги брашното, нишестето, солта и шеќерот и додадете ја водата. Оваа смеса со брашно додадете ја во смесата со белките и мешајте со вилушка додека не добиете еднолична маса.

Колачиња со порака (Fortune cookies)

Смесата треба да биде компактна. Ако ви е премногу ретка, додадете уште малку брашно.

Колачиња со порака (Fortune cookies)

Во тавче прекриено со хартија за печење, со лажица ставајте од смесата и потоа измазнете ги малите палачинки за да имаат тркалезен облик.

Колачиња со порака (Fortune cookies)

Печете 15 минути (ова зависи од рерната) додека палачинките не почнат сами да се одвојуваат од страните. Откако ќе се испечат треба да работите брзо. Извадете ги палачинките, ставете ја претходно исечената порака на средина на палачинката и преклопете ја на половина. Потоа, доближете ги краевите на колачето (но не дозволувајте да се допираат) и наредете ги во калап за мафини да се сушат. Оставете ги неколку часа да се исушат убаво.

Колачиња со порака (Fortune cookies)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар