Колачиња од 3 состојки, готови за 15 минути, што ќе ви се топат во уста

Колачиња од 3 состојки, готови за 15 минути, што ќе ви се топат во уста

Ако сте љубители на домашно подготвените колачиња, го имаме најдобриот рецепт за вас

Колачиња од 3 состојки, готови за 15 минути, што ќе ви се топат во уста

Потребни состојки:
  • 1 јајце
  • 80 милилитри мед
  • 250 грама путер од кикирики
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Помешајте ги сите состојки заедно и потоа поделете ја смесата на онолку колачиња колку што сакате да направите. Поставете ги на хартија за печење, каде што секое од нив нежно ќе го притиснете со виљушка со цел тие да изгледаат како „шаховска табла“.

Печете 8 минути, односно додека колачињата не поруменат на краевите. Оставете ги околу 5 минути да се оладат и потоа се подготвени за сервирање. Доколку сакате да бидат послатки, додајте исечкано чоколадо или суво грозје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар