Колачиња: Црвено кадифе
Red velvet или на македонски Црвено кадифе е една од најпознатите торти во Америка. Јаката црвена боја ја прави тортата многу специфична, а кога e филувана, добива неверојатен вкус и делува примамливо за сите. Овие колачиња се направени од состојките потребни за тортата Red velvet, а посебни бидејќи се полнети со фил од крем-сирење. Ако сте во недоумица со што да ги изненадите гостите, пријателите или најблиските, овие колачиња се полн погодок.Потребни состојки за подготовка на тестото:
- 1/2 шолја несолен путер
- 1 шолја кафеав шеќер
- 2 лажици какао
- 1/2 лажичка сода
- на врв на лажиче сол
- 1 јајце
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 2 шолји сенаменско брашно
- 1/2 шолја матеница
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 целзиусови степени.
Путерот ставете го во длабок сад и со миксер мешајте го 30 секунди.Потоа, додајте ги шеќерот, какаото, содата и солта.Додајте едно големо јајце и едно лажиче екстракт од ванила.Додајте ги двете шолји брашно, постепено, една по друга, мешајќи со миксер на најслаба брзина.Додајте 1/2 шолја матеница, исто како брашното, на два пати.На крај ставете 30 мл црвена боја за готвење.Со миксер измешајте ја целата смеса додека не добие црвена боја.Тавчето обложете го со хартија за печење. Од филот направете тркалезни форми со помош на лажица.Печете 7-9 минути (зависи од рерната). Кога краевите на колачињата ќе почнат да се одвојуваат, тогаш се готови. Почекајте да се оладат, пред да ги полните со филот.
За подготовка на филот, потребни се следниве состојки:
- 180 мл крем-сирење
- 3 лажици путер
- 1/2 лажиче екстракт од пеперминт (или друг екстракт по ваша желба)
- 3 шолји шеќер во прав
- малку млеко (по потреба)
Крем-сирењето, путерот и екстрактот матете ги со миксер, додека да добиете пенеста смеса. Потоа, почнете постепено да го додавате шеќерот во прав. По потреба, додавајте по малку млеко (лажица по лажица) за состојките рамномерно да се распределат низ смесата. Со добиениот фил, исполнете ја внатрешната страна на колачињата како сендвич. Ставете ги во фрижидер и оставете ги да седат 3 дена. Извадете ги 15 минути пред сервирање.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
so e toa krem-sir
три дена? Џииз!
Мануела,
крем сир е млечен намаз (како ABC). Како павлака само многу погуста, со повеќе млечни масти. Често се употребува во слаткарството, а со неа се прави и позната торта Cheesecake.
На каква матеница се мисли?
Матеница е спореден производ што се добива при производството на путер од павлака, од пастеризирана павлака или од ферментирана пастеризирана павлака.
—
Матеница се прави од кисело млеко разредено со вода. Треба да биде ретка смесата, т.е матеницата.