Колач со јагоди во чашка, готов за 10 минути

Колач со јагоди во чашка, готов за 10 минути

Овој 10-минутен рецепт е најбрзиот начин да го смирите вашиот копнеж за благо!

kolach-so-jagodi-vo-chashka-gotov-za-10-minuti

Потребни состојки:
  • 100 грама брашно за сите намени
  • 35 грама овесни снегулки
  • 1 супена лажица светло кафеав шеќер
  • 1/4 кафена лажица цимет
  • 1/4 кафена лажица прашок за печиво
  • 1 супена лажица несолен путер, исечкан на мали парчиња
  • 2 супени лажици полномасно млеко
  • 260 грама јагоди, исечкани
  • 30 грама шеќер во прав
  • Шлаг пена, за сервирање
Начин на подготовка:

Во мал сад измешајте ги брашното, овесните снегулки, кафеавиот шеќер, циметот и прашокот за печиво. Додајте го путерот и со виљушка рамномерно разнесете ги неговите парчиња низ мешавината. Потоа сипете го и млекото и мешајте додека не добиете хомогена смеса, па тргнете ја настрана.

Во голема шолја што може безбедно да се смести во микробранова печка, измешајте ги заедно јагодите и шеќерот во прав. Потоа сипете ја смесата со брашното над нив, покривајќи ги целосно. Ставете ја шолјата во микробранова на 1,5-2 минути или сè додека горниот слој не се стврдне. Оставете малку да се олади и потоа сервирајте со шлаг пена.

Погледнете го и овој одличен рецепт за пица во шолја готова за 2 минути!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар