Претходно
Колач од лимон и бадем без брашно: Сочен и мек десерт кој е совршено изненадување за целото семејство!
Овој колач ќе ве воодушеви уште од првиот залак со својот интензивно ароматичен вкус.
Потребни состојки:
- 4 лимони
- 250 г мелени бадеми
- 6 големи јајца
- 200 г шеќер
- 1 лажичка прашок за печиво
Начин на подготовка:
- Ставете ги лимоните во сад и додајте им ладна вода која треба да ги залие.
- Покријте ги со капак и ставете на тивок оган да вријат 1 час.
- Потоа, тргнете ги од ринглата и оставете ги уште половина час покриени со капак.
- Загрејте ја рерната на 190 ᵒС, а потоа премачкајте го со путер калапот за торта со дијаметар од 20 или 22 см.
- Исечете ги лимоните на тенки парчиња и сомелете ги во блендер како пире.
- Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете го пирето од лимон, а на крај смесата од мелени бадеми и прашок за печиво.
- Добро измешајте ја смесата со дрвена лажица, па истурете ја во подготвениот калап за печење и печете го колачот 20 минути.
- Потоа покријте ја тортата со фолија, намалете ја температурата на 180 ᵒС и печете го уште половина час до 40 минути, сè додека чепкалка за заби со која ќе го боцнете не излезе чиста.
- Оставете го колачот во калапот половина час да се излади.
- Потоа извадете го од калапот и оставете го да се олади целосно пред да го исечете на парчиња. Украсете го колачот по желба и уживајте во вкусот на овој неверојатен десерт.
Можеби сакате да дознаете и како се прават миризливи колачиња, брз и лесен рецепт за велигденски десерт.