Коктели од 3 состојки кои секој може да ги направи
Постои златен однос за правење совршени коктели, а потребни се само три состојки. Соодносот е 2:1:1 или две дози ликер или џин, една доза сок од лимон и една нешто благо, како медот. Постојат повеќе од 100 рецепти кои секој домашен бармен може да ги научи без проблем. Еве неколку инструкции за тоа како едноставно да направите коктели од три состојки.
Менхетен
- 80 милилитри ‘рж
- 40 милилитри благ вермут
- 40 милилитри швепс или тоник
Комбинирајте ги состојките и послужете го коктелот со мраз.
Солено куче
- 250 милилитри сок од грејпфрут
- 120 милилитри вотка
- 1 лажица морска сол
Растурете ја солта во плитка чинија. Навлажнете го работ од чашата со вода и ставете го во солта, така што целиот раб да биде прекриен со неа. Измешајте го сокот од грејпфрут со вотката и турете ги во чашата.
Негрони
- 80 милилитри џин
- 80 милилитри Кампари
- 80 милилитри благ вермут
Измешајте ги состојките заедно и турете ги во чаша со мраз. Декорирајте со парче портокал.
Матадор
- 250 милилитри текила
- 80 милилитри сок од ананас
- 60 милилитри зелен лимон
Измешајте ги состојките и послужете ги со мраз.
Даикири
- 120 милилитри бел рум
- 80 милилитри зелен лимон
- 40 милилитри безбоен сируп
Работ од чашата навлажнете го и ставете го во шеќер. Ставете мраз, а потоа турете рум, сок од зелен лимон и сируп.