Која вештина сакаат да ја видат сите работодавачи на вашето CV?

Која вештина сакаат да ја видат сите работодавачи на вашето CV?

Според неодамнешните извештаи на „Американската национална ссоцијација на факултети и работодавачи“, вештината за која станува збор е во пораст и еден од најважните фактори при разгледувањето на потенцијални кандидати за работа. Повеќе од 73% работодавачи, менаџери и вработени во човечките ресурси бараат кандидати за работа со одлични комуникациски вештини, и тоа не само говорни, туку и пишани. Освен тоа, добрата невербална комуникација е рангирана како трета најпосакувана вештина во вкупниот пласман.

Која вештина сакаат да ја видат сите работодавачи на вашето CV?

Покрај тоа, 75% од работодавачите споменуваат дека поголемиот фокус е ставен на пишаните комуникациски вештини кое се на факултетско образовно ниво. Така, кандидатите со добро познавање на англискиот или друг странски јазик и занимавања кои се бават со комуникациите стануваат омилени меѓу работодавачите. Во минатото, овие знаења и занимања биле сметани за многу апстрактни за професионална кариера, но за среќа времињата се промениле.

Во професионалните средини, каде горе-долу сѐ се одвива преку електронското кореспондирање, способноста на изразување идеи јасно и точно е без сомнеж пресудно. Познато е дека компаниите трошат по милијарди долари секоја година на дополнителна обука за да ги научат своите вработените на подобар правопис и граматика. Затоа, фокусирајте се на способноста за пишување. Доколку тоа е вашата силна страна, немојте да се воздржувате и обидете се тоа да го покажете или докажете на интервјуто за работа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар