Која храна треба да ја конзумирате ако не јадете месо?

Која храна треба да ја конзумирате ако не јадете месо?

Протеините се исклучително важни – нашето тело ги користи за регенерација и раст на клетките. Сите знаат дека месото, јајцата и млечните производи се извори на протеини, но не се единствените кои можат да му ги дадат на телото овие важни макромолекули. Вегетаријанците и веганите и понатаму можат да функционираат нормално, надоместувајќи ги потребните протеини преку лиснатиот зеленчук, грашокот и други намирници. Погледнете како изгледа основната листа.

koja-hrana-treba-da-ja-konzumirate-ako-ne-jadete-meso-kafepauza.mk

Грашок

Мешункастиот зеленчук е одличен извор на протеини, а една шолја грашок има околу 8 грама. Жените дневно би требало да внесуваат 46 грама, а мажите 56 грама протеини.

Квиноја

Повеќето житарици содржат протеини, но квинојата е посебна бидејќи има околу 8 грама протеини, но и сите 9 основни аминокиселини кои ни се потребни, и тоа само во една шолја.

Грав

Има многу видови грав и сите се полни со протеини. Две шолји обичен грав имаат околу 26 грама протеини, а конзервираниот грав е подеднакво добар како и свежиот.

Јаткасти плодови и нивните масла

Сите јаткасти плодови содржат здрави масти и протеини, што ги прави важен дел од исхраната која се темели само на растенија. Околу 30 грама бадеми, индиски ореви или фстаци имаат околу 160 калории и околу 5-10 грама протеини. Најдобро е да ги јадете сирови или печени на сува тава.

Наут

Наутот може да се јаде пржен, во салата или во облик на пире. Само пола шола наут има околу 7 грама протеини, малку калории и многу влакна.

Тофу

Храната која е подготвена од соја е меѓу најголемите извори на протеини за вегетаријанците. Пола шолја тофу има околу 15-20 грама протеини.

Мешунки од соја

Недозреаната соја која е потоа варена или обарена на пареа, па потоа солена содржи околу 8 грама протеини на половина шолја. Семките од соја можете да ги јадете како предјадење или во салата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар