Која храна ќе биде популарна и ќе обожаваме да ја јадеме во 2017-та година?
Трендовите во исхраната стануваат популарни колку и оние во модата, а практично целиот свет се обидува да го исполни најголемиот кулинарски тренд: Вкусно, но здраво. По можност што е поздраво, а се применува што похранливо. Ова се кандидатите кои се издвоија помеѓу најпожелните производи за оваа година. За нив ќе се „борат“ готвачите, рестораните, но и продавачите. Зеленчукот ја качи својата цена повеќе од кога било порано, а готвачите ширум светот се обидуваат да подготват јадења од најразновидни зеленчуци во најсочна варијанта и тоа со минимум изгубени хранливи материи, кои во текот на процесирањето на храната главно се губат.
Истото важи и за овошјето, но и за сите видови семки и коскесто овошје, па дури и некои цветови кои се пронајдоа на одредени менија. Тешка, но би се рекло исплатлива задача. Рестораните кои во својата понуда имаат поголем број комбинации со месо и зеленчук, наместо на пример, само компир или ориз со месо, кои со децении беа стандардни прилози, ќе поминуваат многу подобро кај своите клиенти. Едно од истражувањата на пазарот спроведено во текот на изминатата година дошло до изненадувачки резултати: Дури 80% од луѓето ширум светот обрнува многу повеќе внимание на она што го јадат, за разлика од претходно. Поголемиот дел од луѓето внимателно ја читаат етикетата на одредени производи кои ги купуваат и тежнеат кон тоа да се исхрануваат со органска храна.
1. Бадеми
Бадемите не само што се полни со витамин Е, кој е добар за кожата, и протеини, туку нивната содржина што изобилува со хранливи влакна дава подолго чувство на ситост. Истражувачите од Универзитетот Пурду во 2007 година изјавиле дека иако имаат голем број калории, бадемите самите по себе не влијаат на создавањето масни наслаги. Заменете ја вашата утринска ужина со една шака бадеми и видете каква е разликата.
2. Лиснат зеленчук
Најбрзиот начин за израмнување на подуениот стомак? Вклучете го лиснатиот зеленчук во секој оброк. Кељот, спанаќот и марулата содржат малку калории, полни се со хранливи влакна и нудат неколку важни витамини и минерали кои го олеснуваат задржувањето на вода во организмот без предизвикување на надуеност и непријатност како што понекогаш тоа го прават другите видови зеленчук.
3. Јаболков оцет
Ако барате начин за брза детоксикација на организмот, додајте неколку капки јаболков оцет во вашиот оброк. Тој се однесува како тоник за варење, ги намалува штетните бактерии во цревата, ги исфрла токсините и го олеснува задржувањето на водата во стомачниот дел. Сипете го преку зеленчукот додека готвите, или како прелив за салата.
4. Аспарагус
Аспарагусот често се смета за луксузен зеленчук, и тоа не без причина. Секое парче е богато со витамини А, Б-комплкес, Ц и Е, а содржи и високо ниво цинк и калиум, што помагаат при ослободувањето на течностите од телото. Аспарагусот се користи и за намалување на воспаленијата, како што е артритисот и ревматизмот.
5. Лук
Можеби е виновник за непријатниот здив, но секое чешле лук содржи не само антиоксиданси, туку и природната хемикалија алицин. При варењето, алицинот реагира со крвта и создава производ кој ги уништува штетните бактерии и вируси кои се наоѓаат во телото – вклучувајќи ги и оние во организмот за варење. Здравиот стомак е пресуден за постигнување рамен стомак, па така додајте неколку парчиња сиров лук во храната пред да ја послужите за да го искористите најдобро.
6. Пиперки
Црвените пиперки, како своите лути роднини, се сметаат како добри за варењето, а патем го подобруваат и метаболизмот. Бидејќи овој зеленчук е преполн со витамин Ц, може да ви помогне и да се ослободите од желбата за слатко, што го прави совршено оружје против салото на стомакот.
7. Лубеница
Половина лубеница содржи скоро дупло повеќе калиум отколку бананите, што ја прави нискокалорична, антиоксидансна замена која може да ви помогне при ослободување од вишокот течности во телото. Дињата, исто така, содржи дупло поголема доза витамин Ц отколку што треба да се внесува, што значи дека ќе му помогне на вашиот имунитет и ќе ја одржува вашата кожа во совршена состојба.
8. Глуварче
Доколку сакате да ја изгубите тежината која е врзана за задржувањето на течностите, тогаш пијте чај од корен на глуварче или чаеви кои содржат глуварче. Тоа е природен диуретик, и им помага на бубрезите при ослободувањето од вишокот течности и натриум.
9. Круши
Големата количина на пектин (природен овошен шеќер) кој се наоѓа во крушите ја прави оваа сочна овошка јак диуретик и корисна при борбата со несаканото задржување на течностите во организмот. Тие се полни и со хранливи влакна, што даваат чувство на ситост и здраво варење.
10. Бибер
Лесен начин за да се спречи надуеноста и непријатното чувство после јадењето? Додајте во храната малку свежо мелен бибер. Тој е природен помагач во варењето, а во исто време помага и при спречување на надуеноста.