Која е вашата крвна група? Од неа зависи кои болести ви се закануваат!

Која е вашата крвна група? Од неа зависи кои болести ви се закануваат!

Крвната група може да открие многу работи за вас. Според најновите студии од неа зависи колкави се шансите некој да стане алкохоличар или да развие опсесивно-компулсивно нарушување. Постојат 4 крвни групи, односно А, Б, АБ и 0 и два Rh фактори, плус и минус. Која е вашата крвна група? Научниците велат дека од тоа може да зависи во која насока ќе се движи вашиот живот и со што можете да имате поголеми проблеми за разлика од луѓето со други крвни групи.

1-koja-e-vashata-krvna-grupa-od-toa-zavisi-koi-bolesti-vi-se-zakanuvaat-www.kafepauza.mk_

1. Магнет за комарци

Луѓето со крвна група 0 се двојно почеста мета за комарците, тврдат истражувачите од Јапонија. Сепак, луѓето со оваа крвна група имаат најмали шанси да заболат од најсмртоносниот облик на маларија, болест која ја пренесуваат токму комарците.

2. Добра или лоша дигестија

Бактериите во цревата и тоа како влијаат врз квалитетот на животот, бидејќи лошата дигестија го нарушува здравјето. Истражувачите откриле дека е можно да се поделат на три различни категории, зависно од крвната група. Сепак, своето тврдење сѐ уште не успеале да го докажат. Но, експертите од Финска сметаат дека постои одредена поврзаност помеѓу крвните групи и специфичните слоеви на бактерии кои живеат во цревата. Кога би имале цврсти докази за тоа, тогаш докторите би можеле да препорачуваат одреден вид исхрана во зависност од тоа која крвна група ја има пациентот.

3. Склоност кон алкохолизмот

Некои студии од 70-тите и 80-тите години пронашле слаба поврзаност помеѓу крвната група А и склоноста за алкохолизам. Други истражувања ги довеле во врска антигените со проблемот за зависност од алкохол. Според нив антигените А може да ја променат реакцијата на имунолошкиот систем на интоксикација. Со тоа, 50% од ризикот за појава на алкохолизам го носат генетските фактори.

2-koja-e-vashata-krvna-grupa-od-toa-zavisi-koi-bolesti-vi-se-zakanuvaat-www.kafepauza.mk_

4. Најслаби на стрес

Стресот најмногу ги погодува луѓето кои имаат крвна група 0, тврди Американската служба за војни ветерани. Тие објасниле дека нивото на кортизол (хормон за стрес) е поголем кај луѓето од таа група за разлика од другите.

5. Најсклони кон опсесивно-компулсивно нарушување (ОКН)

Во магазинот Neuropsychobiology е објавена студија што покажува дека луѓето со крвна група А се најсклони на ОКН, но додале и дека таа теорија треба сѐ уште да се истражува. Експертите од Јапонија пронашле поврзаност помеѓу таа крвна група и истрајноста и трудољубивоста во работата и покрај уморот и фрустрацијата.

Крвната група влијае и на вашиот однос со пријателите

Личностите со крвна група А се одлични пријатели што постојано мислат на другите. Не знаат да ги искажат чувствата, и често ги задржуваат за себе. Личностите со крвна група Б, исто така се добри пријатели и слушатели, но сакаат да се стават себеси на прво место и да ги изразат чувствата. Личностите со крвна група АБ се добри во планирањето и организирањето. Крвната група 0 открива дека сте желни за моќ и дека имате натпреварувачки дух. Во љубовните врски, луѓето со крвна група 0 добро се сложуваат со сите останати групи.

Можеби звучи неверојатно и чудно, но вашата крвна група може да открие многу за вашата личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар