Која е тајната за да останете мотивирани на факултет?

Која е тајната за да останете мотивирани на факултет?

Како студент, лесно е да се изгуби мотивацијата и сосема очекувано е да се биде под стрес и да се пати од анксиозност. Кога ќе помислите да кренете раце, застанете за момент и помислете повторно. Еве како да останете мотивирани, одговорни и продуктивни на факултет.

Која е тајната за како да останете мотивирани на факултет?

Фокусирајте се на помали цели

Кога ви е дадена задача да напишете семинарска работа од 25 страни, лесно може да се најдете во ситуација во која не знаете ни како да започнете, ниту пак на кои извори на информации да се потпрете. Наместо да им се препуштите на стресот и нервозата, поделете го целиот процес во помали чекори. На пример, одвојување на најважните и есенцијални извори на информации, правење план и скица и сл. Поставувајте си помали цели и така не само што ќе ја имате работата под контрола, туку ќе избегнете стрес и секогаш ќе имате конкретна претстава до каде сте и колку сте напреднале.

Славете го вашиот успех

Секогаш бидете свесни за вашите успеси и не се потценувајте. Научете да се наградувате себеси и да го славите сопствениот успех. Нема поголема мотивација од помислата на тоа како ќе се чувствувате кога големата обврска ќе заврши. На пример, имате заостанати испити и тие ви го претвориле животот во пекол. Само помислете како ќе се чувствувате по испитната сесија. Ќе бидете слободни, релаксирани и со една голема грижа помалку на вашиот грб. Доколку треба да напишете есеј и чувствувате дека таа ваша обврска ве спречува да уживате во викендот, само помислете како ќе се чувствувате наредниот викенд кога таа ваша обврска ќе биде перфектно завршена.

Наградувајте се самите себе за секој успех. Корисно е да ја играте играта на родителите. На пример, ако добијам висока оцена, заслужувам да си го купам тоа и тоа, или пак да го направам ова. Научете да се наградувате себеси. Нема ништо страшно во купувањето голема чоколада на крајот на испитната сесија.

Која е тајната за како да останете мотивирани на факултет?

Опкружете се со личности кои ќе ве мотивираат

Оние со кои го минувате поголемиот дел од вашето време, наголемо влијаат на вашето однесување, како и на вашата перцепција за многу работи во животот. Затоа опкружете се со трудољубиви, вредни и инспиративни личности кои ќе ве мотивираат да бидете подобра личност.

Ако сте опкружени со неодговорни личности кои ги одлагаат своите обврски, кои не вложуваат љубов во она што го прават и ги пропуштаат предавањата, голема е веројатноста и вие да попримите дел од тие карактеристики. Затоа одберете го друштвото на оние кои секогаш се стремат кон повеќе и кои нема да направат да се чувствувате помалку вредни.

Опуштете се

Да, студирањето е важен период од нашите животи, веќе сме возрасни и свесни дека вложуваме и се трудиме за нашата иднина. Но, некогаш е корисно едноставно да се опуштите и да заборавите на обврските. Кога сте завршиле некој проект или задача, дајте си ден или два и опуштете се. Излезете со пријателите, поспијте подолго, гледајте филмови. Некогаш е корисно за момент да го притиснеме „стоп“ копчето пред да продолжиме понатаму.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар