Која е тајната состојка на мотивацијата и успехот?

Која е тајната состојка на мотивацијата и успехот?

Неуспехот во остварувањето на некоја јасно дефинирана цел на која сме биле цврсто фокусирани често може да се претвори во препрека која ќе ни го забави движењето низ животот. Доколку наумите да напишете роман и застанете на половина пат, вие без сомнение ќе се почувствувате како да сте ги изневериле вашите ветувања и самите себе.

Која е тајната состојка на мотивацијата и успехот?

Од овој момент до депресијата има само еден чекор, но односот кон вашите цели може да биде клучот со чија помош ќе можете да се извлечете од неуспехот. Зен блогерот Лео Бабаута во овие ситуации препорачува:

„Забава. Главната и неопходна состојка за сите наши активности треба да биде забавата. Ако се впуштиме во одредена работа со огромни очекувања и не ја завршиме до крај, тоа секако ќе го прогласиме како неуспех. Но, ако кон таа иста работа пристапиме како кон нешто што нè забавува и притоа не успееме да го исполниме она што сме го испланирале, тогаш со сигурност нема да почувствуваме разочараност и фрустрација.“

Според Лео, треба да трчате поради самото уживање кое тоа ви го предизвикува, а не поради исполнување на вашиот фитнес план за оваа недела. Треба да пеете со вашето дете поради уживањето во заедничката песна, а не затоа што знаете дека е „квалитетно поминато време“ кое е ваша родителска должност. Што повеќе активности остварувате водејќи се според оваа филозофија, толку помало разочарување ќе чувствувате доколку не успеете во некој од вашите планови. И бидејќи нема да бидете разочарани, ќе можете побрзо да се вратите назад кон остварување на овие цели. Обидете се. И не грижете се доколку не успеете од првиот пат, за сè е потребно вежбање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар