Која е разликата меѓу маслиново и авокадово масло?

Која е разликата меѓу маслиново и авокадово масло?

Досега сигурно веќе сте запознаени со концептот на здрави и нездрави масла, како и со нивната улога врз нашето здравје. Двете најздрави масла се маслиновото и авокадовото, но која е разликата меѓу нив и како тие влијаат врз организмот?

Која е разликата меѓу маслиново и авокадово масло?

Консумирањето квалитетни масла може да го стабилизира метаболизмот и да го одржи нивото на хормоните. Тие, исто така, ја негуваат нашата кожа и коса и го подобруваат функционирањето на нашето тело.

Масло од авокадо

Најквалитетното авокадово масло се добива при процесот на ладно цедење. Маслото од авокадо е богато со олеинска киселина и антиоксиданси, одлично е за кожата и има антивоспалителни својства. Иако сè уште не се знае доволно за овој вид масло, сепак најновите истражувања покажале дека е добро за кардиоваскуларното здравје и мозокот. Кога станува збор за купување масло од авокадо, ви препорачуваме да побарате нерафинирано и ладно цедено масло. Маслото што е преработено откако ќе се процеди е рафинирано и е жолто по боја, додека нерафинираното масло од авокадо е зелено.

Маслиново масло

Маслиновото масло чии здравствени придобивки ни се познати со векови, најмногу се користи во козметичката индустрија и во готвењето. Ако претпочитате маслиново масло, тогаш сигурно веќе сте добро запознаени со неговиот состав и намена. Висококвалитетното екстра девствено маслиново масло содржи мононезаситени масти и има антиинфламаторни својства.

Кое е поздраво?

Кога станува збор за користење масло при готвење, важно е колку брзо се загрева маслото. Секое масло има максимална точка на вриење, тоа е моментот кога маслото почнува да се загрева. Премногу жешкото масло почнува да се распаѓа и може да доведе до несакани ефекти кои се потенцијално опасни за организмот. Во овој случај, маслото од авокадо е подобро за готвење бидејќи подолго време се загрева, додека маслиновото масло е поздраво кога не се загрева. Кога станува збор за козметичката индустрија, маслото од авокадо најмногу се користи за правење креми и масти бидејќи неговите молекули ѝ даваат поцврст и поеластичен изглед на кожата, а во исто време ја прават мека. Производите кои содржат масло од авокадо се наменети пред сè за сува кожа, а со нивното користење, кожата многу побрзо заздравува. Доволно е да нанесете неколку капки масло на кожата и да ја повторите постапката неколку дена по ред, а ние ви ветуваме дека ќе бидете воодушевени од ефектот! Маслиновото масло пак, е совршено кога станува збор за нега на вашата коса. Ова масло го смирува скалпот и природно го поттикнува растот на косата, поради што е чест додаток во шампоните. Доказ за тоа е дека речиси секој производител на козметика има барем една линија производи што целосно се базира врз ова магично масло.

Откако откривте која е разликата помеѓу авокадовото и маслиновото масло, ви препорачуваме да прочитате и зошто треба да пиете по една лажица маслиново масло наутро.

Извор: wannabemagazine.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар