Која е првата работа што паметните девојки ја прават пред да се заљубат?
Секоја девојка која некогаш била повредена знае колку болно и лошо е тоа чувство, па затоа нормално е дека се плаши да се заљуби повторно. Додека филмовите и медиумите сакаат да ја прикажуваат љубовта како волшебна бајка, реалната врска повеќе личи на нервозно смеење и неконтролирано препотување.
Заљубеноста може да ја направи паметната девојка многу глупава. Иако љубовта е возбудлива, таа знае да биде далеку од забавна. Чувството е исто како да се возите на луда железница која нема крај!
Најважната лекција што можеме да ја научиме е дека треба да го заштитиме нашето срце. Заљубувањето е слично на вадењето умници: Треба да бидете подготвени за тоа и да го најдете вистинскиот доктор.
Дури и ако внимателно испланирате сѐ, универзумот може да си го направи своето во секој момент и да ги расипе вашите планови, па да останете сингл и да се пронајдете себеси. Но, тоа не значи дека не треба да преземете одредени мерки на претпазливост, односно да не внимавате во кого ќе се заљубите.
Љубовта одзема многу време и енергија и можете толку многу да се занесете во романсата, што сѐ друго на светот ќе го изгуби своето значење. Треба да бидете сигурни дека тој што ќе заземе толкав простор во вашиот живот навистина вреди.
Токму затоа паметните жени добро ги истражуваат момците со кои излегуваат. Им поставуваат тешки прашања, ги интервјуираат нивните пријатели, го истражуваат нивното минато и прават сѐ што е потребно за да бидат сигурни дека нивниот потенцијален партнер не се обидува да ги прелаже и ги изигра.
Луѓето често велат да се ослободите од претпазливоста и да го следите срцето. Но, што ако вашето срце не знае ни кај тера ни кај води? Бидете внимателни кога се работи за љубовта и не дозволувајте секому да влезе во вашето срце. Запознајте го прво убаво. Завршете си ја домашната задача. Бидете сигурни дека тој го заслужува вашето време.
Единствениот начин на кој ќе можете да се изборите со љубовното лудило е преку здрава доза реалност.