Која е намената на коректорот во боја?

Која е намената на коректорот во боја?

Во светот на убавината, кој од ден на ден станува сè побогат, понекогаш е многу тешко да се снајдеме бидејќи не може секогаш да ја разбереме точната цел на производот што сме го виделе вчера на полицата во продавница. Кога зборуваме за коригирање на бојата на кожата на лицето треба да ја разјасниме целта на шарените коректори кои никогаш не сме ги купиле зашто не ни било јасно за што служат.

Која е намената на коректорот во боја?

Дознајте која боја на коректор за што служи

Виолетова: Пурпурната нијанса ги елиминира жолтеникавите тонови на кожата кои најчесто се појавуваат во подрачјето околу очите и прават да изгледаме како да сме се разболеле.

Зелена: Оваа нијанса на коректор служи за отстранување на црвенилото од воспалените области на лицето. Го користиме зелениот коректор така што го нанесуваме во облик на точки врз секоја црвена дамка што ја имаме на лицето.

Жолта: Коректорот со жолта боја е идеален за покривање на темните дамки на лицето, така што неговата примарна цел е да ги прикрие темните кругови околу очите. Нанесете коректор во облик на два превртени триаголници под очите и добро размачкајте ги, па кога ќе нанесете шминка, круговите околу очите ќе исчезнат.

Нијанса на лосос: Како и жолтиот коректор, нијансата на лосос ги покрива подочниците кај лицата со потемен тен, бидејќи жолтиот коректор за нив е премногу светол.

Розова: Розовата нијанса е идеална за контурирање, осветлување на лицето, но и за покривање на подочниците кај личностите со мешани тонови на кожата. Ако треба задолжително да изберете коректор, тогаш тоа нека биде овој розов коректор.

Сега кога ја знаете функцијата на коректорите во боја, размислете за тоа кој ви е вам потребен и започнете да ги нанесувате за да постигнете совршен изглед на кожата со нивна помош. Тајната е во нивната совршено прецизна примена.

Можеби сакате да прочитате и за двете сестри кои го качуваат шминкањето на сосема ново ниво.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар