Која е најголемата грешка што ја прават паметните луѓе?
Постои една многу честа грешка што ја прават паметните луѓе без да бидат свесни за тоа. Имено, тие не ја знаат разликата меѓу покренувањето и преземањето акција. Овие две работи звучат слично, но не се исти.
Разликата меѓу покренувањето и преземањето акција
Покренување е кога сте зафатени со нешто, но задачата никогаш нема да даде резултати сама по себе. Акција, пак, е тип на однесување кое ќе ви ги донесе посакуваните резултати. За да ви стане појасно, прочитајте ги следниве неколку примери…
- Ако смислите 20 идеи за некој текст што сакате да го напишете, тоа е покренување. Ако напишете и објавите текст, тоа е акција.
- Ако испратите 10 резимиња, тоа е покренување. Но, ако отидете на интервју за работа и ве примат, тоа е акција.
- Ако барате планови за правилна исхрана и читате книги на таа тема, тоа е покренување. Ако навистина изедете здрав оброк, тоа е акција.
- Ако отидете во теретана за да побарате личен тренер, тоа е покренување. Ако се качите на лентата за трчање и почнете со вежбање, тоа е акција.
- Ако учите за испит или почнете со подготовките за некој истражувачки труд, тоа е покренување. Ако навистина го направите тестот или го напишете истражувачкиот труд, тоа е акција.
Понекогаш покренувањето е корисно, бидејќи ви овозможува да се подготвите, да направите добра стратегија и да научите нешто. Но, покренувањето само по себе никогаш нема да ви ги даде резултатите кои се стремите да ги постигнете. Не е важно колку пати ќе зборувате со личен тренер, тоа покренување нема да ве доведе до топ форма. Само преземањето акција, односно вежбањето ќе ве одведе до посакуваната цел.
Зошто паметните луѓе заглавуваат во покренувањето акција?
Ако покренувањето не дава резултати, зошто го правиме тоа? Понекогаш го правиме тоа затоа што ни треба план или сакаме да научиме повеќе. Но, најчесто го правиме тоа затоа што покренувањето ни дава чувство дека напредуваме, без да се изложиме на ризикот од неуспех. Повеќето од нас се експерти за одбегнување критики. Неуспехот и јавните осуди не предизвикуваат позитивни чувства, па затоа ги одбегнуваме ситуациите кои би можеле да доведат до тоа. Тоа е најголемата причина зошто постојано покренувате наместо да преземете акција: Сакате да го одложите можниот неуспех.
Да, сакате да бидете во форма, но не сакате да изгледате глупаво во теретаната, па наместо тоа ќе зборувате со лични тренери. Да, сакате да најдете работа, но можеби нема да ве викнат на интервју, па затоа само праќате имејлови кај ќе стигнете. Да, сакате да се ослободите од вишокот килограми, но не сакате да се издвоите од друштвото со тоа што ќе јадете салата за ручек, па наместо тоа само ги планирате здравите оброци, но никогаш не ги реализирате.
Лесно е да ги правите сите овие работи и да се убедувате себеси дека се движите во вистинска насока. Ќе си речете „Добив одлични идеи за книгата што сакам да ја напишам. Конечно нештата тргнуваат во вистинска насока“, и добивате впечаток дека сте завршиле работа. Но, вистината е дека вие само сте се подготвиле за да ја завршите работата. А кога подготовката ќе премине во еден вид одложување на обврските, време е да смените нешто.
Како да преземете акција?
Постојат многу стратегии кои ќе ви помогнат да преземете акција, но овие се најефективните:
1. Направете план
Поставете си цел дека во понеделник и четврток на пример, ќе пишувате или ќе работите на работите задачи. Тоа нека биде дел од вашиот распоред. Ќе почнете да ги обожавате овие денови, бидејќи ќе знаете дека секогаш ќе имате сработено нешто продуктивно барем два дена во неделата.
Среда и петок нека ви бидат резервирани за вежбање. Не ги планирајте вежбите, не барајте програми за тренинзи, туку едноставно вежбајте. Доколку сакате да го смените вашиот начин на живот, направете план и држете се до него.
2. Одберете датум кога ќе преминете од покренување во преземање акција
Ако треба да направите нешто што ќе се случи само еднаш, како на пример издавање книга, почнување нов бизнис план, полагање важен испит или презентирање голем проект, дневните и неделни распореди нема да ви бидат од голема помош. Ваквите обврски бараат планирање однапред, односно покренување акција. Тие исто така бараат многу акција за да се остварат.
На пример, можете да направите план секоја недела да пишувате по едно поглавје од вашата книга. Но, за издавањето на книгата ќе мора да посветите неколку недели или месеци на одбирање различни локации, простори и слично. Во вакви случаи, најдобро е да одберете точен датум кој ќе го забележите на календарот. Објавете го вашиот план јавно за да почувствувате поголем притисок и чувство дека едноставно мора да завршите работа. Принудете се да преминете од покренување во преземање акција со тоа што ќе си поставите неодложен краен рок.
Доколку имате некои планови и цели кои сакате да ги остварите, немојте да заглавувате во покренувањето, туку фокусирајте се на преземањето акција. Сменете ги вашите навики и начин на размислување и ќе се уверите и самите дека успехот нема да изостане.
За да ги остварите вашите цели, прочитајте ги и овие 10 начини да продолжите да се движите во оние моменти кога се чувствувате заглавено.