Кој витамин е пресуден за здрав, среќен и долг живот?

Кој витамин е пресуден за здрав, среќен и долг живот?

Дали некогаш сте се запрашале кој витамин е пресуден за здрав, среќен и долг живот? Многу истражувања ја потврдуваат важноста на витаминот Д во имунолошките и метаболичките процеси.

Кој витамин е пресуден за здрав, среќен и долг живот?

Рецептори за витамин Д се наоѓаат во речиси секоја клетка во телото, што значи дека витаминот Д игра голема улога во целокупното здравје почнувајќи од здравјето на коските, мускулите и имунитетот па сè до когнитивните способности, расположението и долговечноста.

Според истражувањето објавено во научното списание „Биологија“ во 2019 година, витаминот Д е моќен антиоксиданс кој помага во балансирање на митохондријалната активност и во борбата против оксидативниот стрес.

Проблемот е што многу луѓе се соочуваат со недостаток на витамин Д, особено во зима кога бројот на сончеви денови е намален. Во продолжение прочитајте за неговите антиоксидантни придобивки.

Витаминот Д помага во заштитата на протеините (на пример, хормони, антитела, колаген), масните киселини (познати како липиди, како што се оние во клеточните мембрани низ телото) и ДНК од оксидација борејќи се со оксидативниот стрес. Дополнително, доволната количина на витамин Д ја овозможуваат митохондријалната еластичност и ендокрината функција. Исто така, поволно влијае на здравиот енергетски метаболизам, хормоналната активност, рамнотежата и долговечноста.

Покрај антиоксидативното дејство, витаминот Д помага при:

Одржување здрава мускулна маса

Покрај одржувањето на формата и функцијата на мускулите, витаминот Д помага во одржување на здрав процент на скелетни и срцеви мускули (познати како мускулна маса). Во клиничка студија од 2014 година – објавена во Американскиот весник за медицина, било откриено дека постарите луѓе со поголема мускулна маса живеат подолго од оние со помалку.

Апсорпција на калциумот

Витаминот Д е клучен минерал за одржување силни, здрави коски.

Го зајакнува имунолошкиот систем

Витаминот Д ја подобрува имунолошката функција на организмот, а особено е важно за старите лица, чии имунолошки систем не реагира толку ефикасно на разноразните предизвици.

Докажан начин да се добие доволна количина на витамин Д е изложување на сонце. Иако го има во одредени намирници, речиси е невозможно да се надополни само од исхраната.

Откако прочитавте за витаминот Д и неговата улога во организмот, можеби ќе сакате да прочитате и кои 7 намирници богати со витамин Д треба да бидат застапени во вашата исхрана во зима.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар