Кој вид исхрана поволно влијае врз здравјето на срцето?
Истражувачи од Данска покажале дека вегетаријанската и веганската исхрана го намалуваат нивото на холестерол и маснотии во крвта кои го зголемуваат ризикот од срцев удар.
Но, експертите велат дека месото и млечните производи имаат свои здравствени придобивки – и дека не сите диети без месо се здрави.
Истражувањето вклучило 30 испитувања од 1982 година во кои волонтерите следеле одреден начин на исхрана, а биле вклучени речиси 2.400 луѓе од целиот свет. Високото ниво на лош холестерол доведува до таложење на масни наслаги во крвните садови, што на крајот може да предизвика срцев или мозочен удар.
Резултатите покажале дека вегетаријанската и веганската исхрана може:
- Да го намали лошиот холестерол за 10%
- Да го намали вкупниот холестерол за 7%
- Да го намали аполипопротеинот Б (главниот протеин во лошиот холестерол) за 14%
Медитеранската исхрана, која вклучува месо, исто така дала позитивна резултати. Освен тоа, експертите препорачуваат и поголема застапеност на зеленчукот, овошјето, јаткастите плодови, мешунките и интегралните житарки во секојдневната исхрана.
Намалувањето на потрошувачката на месо како и разновидната исхрана се клучни за здравјето, а овие фактори треба да се земат предвид при изборот на она што го јадете.
Откако прочитавте кој вид исхрана е најдобра за здравјето на срцето, можеби ќе сакате да прочитате и зошто компирот треба почесто да биде дел од вашата исхрана.
Извор: ljepotaizdravlje.hr