Кој вели дека јогата е здодевна? Овие 10 пози се одлични и за секс
Докажано е дека мажите и жените што вежбаат јога имаат посреќен сексуален живот, а познатите јога пози можат да бидат одлична инспирација за нови сексуални пози и за уште поголема страст. Вежбањето јога носи многу здравствени придобивки, а според неодамнешните студии, една од нив е и подобрувањето на сексуалниот живот кај жените и кај мажите.
Едно истражување спроведено пред 5 години, во кое учествувале мажи на возраст од 24 до 60 години, покажа дека јогата има позитивни ефекти врз сексуалниот живот. По 12 недели редовно вежбање јога, испитаниците го оцениле својот сексуален живот како значително подобрен. Чекор понатаму во истражувањето направија корејски научници кои неодамна одлучија да го испитаат влијанието на јогата врз сексуалноста на жените. Во истражувањето биле вклучени 41 жена на возраст од 30 до 60 години.
Во споредба со контролната група, испитаниците кои вежбале јога доживеале значително подобрување на своите здравствени проблеми: забележан е пад на нивото на холестерол и на шеќер во крвта, како и намалување на крвниот притисок. Исто така, испитаниците го потврдија влијанието на јогата врз зголемувањето на нивото на сексуална возбуда и зголемувањето на влажноста на вагината, како и поголемото задоволство од сексуалниот живот.
Но, придобивките од јогата за сексуалното задоволство не запираат тука. Имено, положбите за вежбање можат да бидат одлична основа за нови пози во сексот. Погледнете некои од нив и пронајдете ја својата инспирација.
Погледнете ги овие диви и луди секс-пози кои мора да ги пробате.