Претходно
Кој е омилениот божиќен десерт на кралицата Елизабета? Еве го и рецептот!
Кралското семејство ја продолжува својата добра традиција за споделување рецепти на социјалните мрежи. Овој пат решија да споделат рецепт за омилениот божиќен десерт на кралицата Елизабета.
Ние немаме таков божиќен десерт, но Британците го обожаваат својот традиционален рецепт и се горди на тоа. Тоа е всушност торта со суво грозје и виски.
Потребни состојки:
- 250 г суво грозје
- 250 г сува брусница
- 180 г златни суво грозје
- 150 г желе од портокал
- 250 г маст
- 250 г лебни трошки
- 90 грама брашно
- зачини по желба (цимет, морско оревче …)
- 2 јајца
- 180 грама кафеав шеќер
- 275 милилитри пиво
- 40 милилитри рум
- 40 милилитри виски
Начин на подготовка:
- Комбинирајте ги сувите состојки, а потоа додадете ги течните.
- Во мали садовите ставате од смесата, а потоа добро покријте ја и ставете ја во големо тенџере во кое ќе додадете топла вода. „Печете“ ги на пареа околу 6 часа.
Погледнете го видеото:
Ver esta publicación en Instagram
Можеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за торта од палачинки и пире од костени.