Кој е најголемиот симптом на депресија што честопати се занемарува?
Сите ги знаеме очигледните симптоми на депресија, но постојат уште многу други работи поврзани со оваа состојба и повеќето од нив не се видливи за човечкото око. Дури и ден денес, многумина го занемаруваат најголемиот симптом што ја открива депресијата кај луѓето.
Најтешкиот дел од депресијата е осаменоста. Сите луѓе копнеат по остварување поврзаност. Дури и на поединците кои не сакаат да излегуваат и да се дружат им требаат пријатели. Депресивните луѓе понекогаш не можат да се натераат да вратат на нечија порака или да одговорат на повиците, а тоа се одразува негативно на нивните врски и пријателства.
Ви треба друштвото на луѓето кои ви значат, но се плашите да го побарате. Сметате дека не го заслужувате и мислите дека сте лоши пријатели, поради тоа што не сте биле тука за нив кога ве викале да излезете и да правите нешто. Поединците кои страдаат од депресија се соочуваат со длабоки конфликти.
Тие не сакаат да им пречат на другите, па затоа ги потиснуваат своите емоции и се чувствуваат виновно поради тоа што им треба друштвото на најблиските. Иако сакаат да кажат милион работи, не кажуваат ништо. Депресијата ги заробува во нивниот мозок и ги изолира од надворешниот свет.
Депресијата ги опкружува со темнина во моментите кога најмногу им треба туѓата светлина. Ако никој не покаже интерес за нив, најверојатно ќе останат заглавени во сопствениот мрак. Осаменоста е еден од најчестите и најскриените симптоми на депресија. Депресијата ве оддалечува од сите луѓе околу вас, бидејќи не сака да заздравите. Таа е како чудовиште што се обидува да се храни од вас што е можно подолго.
Уште еден голем симптом на депресија, што честопати се заборава, е омразата кон самиот себе. Депресивните луѓе не само што се чувствуваат безвредно, туку и се критикуваат себеси на најлошиот можен начин. Тие мислат дека се виновни за сите лоши работи што им се случуваат. Ова чувство во комбинација со осаменоста доведува до катастрофа.
Многу прекрасни луѓе паѓаат во челуста на ѕверот што го нарекуваме депресија. Некои од нив успеале да се извлечат, но многумина не добиле никаква помош. Оние коишто имале поддршка од луѓето кои одбиле да се откажат од нив, успеале да застанат на нозе и да ги остварат своите цели. Сознанието дека имате некој покрај себе може да направи огромна разлика! Бидете тука за вашите блиски што се сомневате дека страдаат од депресија и не кревајте раце од нив колку и да ја одбиваат вашата помош!
Прочитајте ги и следниве 7 знаци за депресија кои не треба да ги игнорирате.