Кој е најдобриот дел од денот за консумирање овошје?
Кога станува збор за здрава исхрана, постојат два вида луѓе – оние кои сакаат зеленчук и оние кои сакат овошје. Се разбира, постои и сива зона во која спаѓаат луѓето кои ги сакаат и двете, но речиси сите преферираат едно. Ако сте љубители на овошјето, можеби се имате запрашано кога е најдоброто време да го консумирате. Дали постои ограничување или можете да јадете колку што сакате?
Сигурно родителите и возрасните ви викале да јадете овошје и зеленчук додека сте биле мали. Според Центарот за контрола и превенција на болести или го игнорирате овој совет, или воопшто не сакате овошје. Истражувањата на центарот покажале дека само околу 12% од возрасните во САД ги консумираат препорачаните 2 порции овошје дневно. Кога станува збор за зеленчук, само 9,3% од луѓето го следат советот.
Кога ќе земете предвид колку е лесно да се вметне овошјето во секојдневната исхрана, навистина е чудно што луѓето не го консумираат толку често. Но можеби проблемот не е начинот на јадење, туку времето во кое треба да се консумира.
Овошјето содржи многу шеќер, но природните шеќери се многу поразлични од вештачките засладувачи кои се наоѓаат во преработената храна. Имајте го ова на ум ако шеќерите се причина што не јадете доволно овошје. Според Кери Гласман, основач на компанијата Nutritious Life, речиси и да нема доказ кој покажува кој период од денот е погоден за консумирање овошје или неговите шеќери. Она што е важно е видот на овошјето и со што го комбинирате.
Најчесто овошјето се јаде за појадок, како на пример во овошно смуди. Според Џеси Росен, сертифициран тренер за здравје, најдобриот дел од денот за јадење овошје е кога ви е празен стомакот. Па, овошје за појадок е одличен избор.
Единственото нешто на коешто треба да обрнете внимание ако појадувате овошно смуди е големината на порцијата. Овој оброк може да содржи многу природни шеќери кои брзо го покачуваат нивото на шеќер во крвта. Како резултат на ова може многу брзо по оброкот да чувствувате глад. За полесно да ги контролирате порциите, најдобро е да го комбинирате овошјето со зеленчук, протеини и здрави масти за да го забавите апсорбирањето на шеќерите.
Кога станува збор за ноќна ужина, можете цела вечер да консумирате овошје. Сепак важно е да имате на ум што ви е потребно. Некои видови овошје ви помагаат во спиењето. Бананите и црешите имаат мелатонин, а кајсиите витамин Ц.
За да го избегнете консумирањето нездрава храна навечер, најдобро е да го наполните фрижидерот со овошје. На овој начин ќе ја задоволите потребата за благо и ќе го намалите чувството на глад, па нема да посегнете по чоколадо.
Погледнете и кое е најдоброто овошје за совршено смуди.