Кој чај е најдобар за вас според вашата крвна група?
Знаевте ли дека постои диета која е заснована на вашата крвна група? Во зависност од вашата крвна група, одбирате помеѓу одредени прехранбени продукти и напитоци. Она што е добро и здраво за другите, едноставно може да не му одговара на вашиот организам. Па, дознајте кои видови чај се најдобри за вас според вашата крвна група.
Крвна група А
Овие луѓе се емотивни и аналитични и силно реагираат на стрес. Кафето не им пречи, но постојат билни чаеви што можат да го заменат, а се многу подобри за нивниот организам. Најдобрите чаеви за овие луѓе се зелен, чај од јасмин, комбинација од двата, чај од невен, мајчина душичка и мешавина и од овие два.
Крвна група Б
Карактеристично за овие луѓе е што имаат побавен метаболизам. Поради ова често се склони кон дебелеење, несоница и хроничен замор. На луѓето со крвна група Б најмногу им одговара црвен чај, зелен чај, чај од маточина, жалфија и бозел, или мешавина од последните три.
Крвна група АБ
Овие луѓе имаат силна интуиција и неверојатна способност да се справат со стресот. Нивна слаба точка им е либидото. Би требало да избегнуваат кафе или да го заменат со чај. Најдобро е да консумираат чај од нане, зелен чај, мешавина од двата, жолт чај и чај од брусница.
Крвна група 0
Овие луѓе е најдобро да избегнуваа млеко и глутен. Луѓето со крвна група 0 се многу отпорни на стрес, но често имаат проблеми со желудникот и со киселини во стомакот. Кафето воопшто не е добро за нив и би требало да го заменат со чај од ѓумбир, маточина или зелен чај.
Дали знаете кои се здравствените придобивки од зелениот чај?