Кој би помислил дека би можеле да ги научиме овие стилски лекции од Ким Кардашијан?

Кој би помислил дека би можеле да ги научиме овие стилски лекции од Ким Кардашијан?

Ким во последните неколку години се обидуваше да создаде стил по кој ќе биде препознатлива. Со сигурност можеме да кажеме дека таа е позната по својот секси изглед, но ние овој пат се одлучивме да го тргнеме тоа настрана и откривме супер практични модни совети за секојдневниот живот. Не мора да бидете љубител на фустаните од латекс за да го следите нејзиниот стил. Постојат многу корисни лекции кои можеме да ги научиме од Ким и нејзините елегантни изданија.

1-koj-bi-pomislil-deka-bi-mozhele-da-gi-nauchime-ovie-stilski-lekcii-od-kim-kardashijan-www.kafepauza.mk_

1. Кожната јакна е секогаш супер идеја

Кожната јакна може да ја ставите на рамената, исто како Ким Кардашијан, и на тој начин да го заокружите вашиот стил. Црната боја во слоеви создава одличен микс на софистицираност и удобност.

2-koj-bi-pomislil-deka-bi-mozhele-da-gi-nauchime-ovie-stilski-lekcii-od-kim-kardashijan-www.kafepauza.mk_

2. Високи потпетици со наједноставни комбинации

Претворете ја најобичната комбинација – фармерки и бела блуза – во нешто предобро, со подигање на пар високи потпетици. Со ова ќе постигнете поатрактивен изглед.

3-koj-bi-pomislil-deka-bi-mozhele-da-gi-nauchime-ovie-stilski-lekcii-od-kim-kardashijan-www.kafepauza.mk_

3. Не плашете се од кроп-топот

Иако нема димензии на модел, Ким не се плаши да носи кроп-топ, a може да видиме и зошто. Суптилното откривање на стомакот дава доволна количина секси изглед кога е комбинирано со секојдневно праче со висок струк.

4-koj-bi-pomislil-deka-bi-mozhele-da-gi-nauchime-ovie-stilski-lekcii-od-kim-kardashijan-www.kafepauza.mk_

4. Одело кое предизвикува повеќе од фустан

Не двоумете се да ги следите машките трендови. Елегантно, струкирано одело е одличен избор за свечени прилики.

5-koj-bi-pomislil-deka-bi-mozhele-da-gi-nauchime-ovie-stilski-lekcii-od-kim-kardashijan-www.kafepauza.mk_

5. Патиките со хеланки се потполно прифатлива комбинација

Спортската облека не мора да служи само за на тренинг. Кул аксесоарите, како што се очилата за сонце и мини чантата, може спортскиот изглед да го претворат во опуштена варијанта за секојдневни прилики.

6-koj-bi-pomislil-deka-bi-mozhele-da-gi-nauchime-ovie-stilski-lekcii-od-kim-kardashijan-www.kafepauza.mk_

6. Додајте накит

Секоја добра комбинација има помош од накитот и аксесоарите. Не потценувајте ја моќта на ѓерданите и алките, кои ќе ја надополнат секоја секојдневна комбинација.

7-koj-bi-pomislil-deka-bi-mozhele-da-gi-nauchime-ovie-stilski-lekcii-od-kim-kardashijan-www.kafepauza.mk_

7. Комбинирајте различни принтови

Познато е дека мешањето на принтовите може да изгледа застрашувачки, но во вистинската мерка, тоа е одличен начин за промовирање на сопствениот стил. Играњето со бои и различни дезени може да го комплетира изгледот.

8-koj-bi-pomislil-deka-bi-mozhele-da-gi-nauchime-ovie-stilski-lekcii-od-kim-kardashijan-www.kafepauza.mk_

8. Неутралното не значи дека е досадно

Овој антилопски фустан можеби не „боде“ директно во очи, но богатата текстура и романтичниот изглед кај градите ќе направи да биде вреден за паметење. Истакнете ги вашиот тен и косата, во нежни неутрални бои, исто како Ким.

9-koj-bi-pomislil-deka-bi-mozhele-da-gi-nauchime-ovie-stilski-lekcii-od-kim-kardashijan-www.kafepauza.mk_

9. Освежете го фустанот

Имате омилен фустан, но толку многу често го носевте, што ви стана досаден? Не грижете се и послушајте го советот на Ким. Додајте впечатлив каиш или елек, и веќе го освеживте фустанот и направивте нов.

10-koj-bi-pomislil-deka-bi-mozhele-da-gi-nauchime-ovie-stilski-lekcii-od-kim-kardashijan-www.kafepauza.mk_

10. Секси и софистицирана во исто време

Секси фустаните и здолништата залепени за телото, истовремено може да изгледаат многу елегантно и суфистицирано, со додавање на едно секојдневно парче врз нив. Долг елек, капут или мантил – ова се парчињата кои имаат одлична улога во овие комбинации.

11-koj-bi-pomislil-deka-bi-mozhele-da-gi-nauchime-ovie-stilski-lekcii-od-kim-kardashijan-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар