Кои знаци укажуваат на токсично работно место?
Дали помислата дека треба да одите на работа ве прави нервозни? Ајде да бидеме реални: освен ако не сте од оние кои вистински уживаат во она што го работат, одењето на работа секој ден не е нешто што со нетрпение го очекувате. Еве ги знаците на токсично работно место кои можат да ви помогнат да одлучите дали да продолжите со работата или да планирате стратегија за излез.
Неинклузивна средина
Кога станува збор за инклузивноста, морате да си ги поставите следните прашања: дали компанијата им дозволува на вработените да учествуваат во процесот на донесување одлуки; дали вработените од различни родови идентитети, сексуални ориентации, раси, возрасни групи и попречености чувствуваат дека се добредојдени на работното место? Ако одговорите се негативни тогаш ова е еден од првите знаци за токсично работно место.
Неетичко однесување
Следните работи за кои треба да размислувате се:
- сексуално вознемирување
- еднаква плата
- здравствена заштита на вработените
- безбедност при работа
- заштита на податоците на вработените
Недостаток на ентузијазам
Погледнете околу вас. Дали гледате позитивни луѓе кои одвојуваат време да поразговараат или гледате мрачни луѓе чии негативно расположение влијае и врз вас? Лошото расположение на вработените е уште еден знак за токсично работно место. Тоа ја отсликува не само нездравата работна култура туку и севкупната негативна атмосфера на работното место.
Недостаток на комуникација
Недостатокот на комуникација водат до хаос и конфузија. Така, чести се следните сценарија:
- Недостаток на недоверба
- Клучните членови се изоставени надвор од креирањето стратегии
- Влошени односи меѓу вработените
Страв
Ако се плашите да ги искажете вашите ставови, да дадете свое мислење или да испробате нешто ново на работното место тогаш сигурно работите во негативна, токсична средина.
Непријателство
Вашите колеги озборуваат, создаваат драми и даваат непотребни коментари? Сето ова може да изгледа безопасно, но тоа може сериозно да влијае врз вашата емоционална благосостојба.
Откако прочитавте за знаците кои ќе ви укажат на токсично работно место, можеби ќе сакате да ги прочитате и 12-те знаци дека сте опкружени со токсични роднини.
Извор: themindsjournal.com