Кои знаци укажуваат на токсичен однос кон себеси?

Кои знаци укажуваат на токсичен однос кон себеси?

Дали сте постојано во војна со себе, се борите да ги исполните сопствените високи стандарди? Време е да се соочите со фактот дека можеби сте во токсична врска со себе. Научете да му ставите крај на овој процес на саботажа и почнете да се однесувате кон себе со љубов и сочувство што ги заслужувате! Ова се најчестите знаци кои укажуваат на тоа дека имате токсичен однос со себе.

Кои знаци укажуваат на токсичен однос кон себеси?

1. Премногу сте самокритични

Негативните мисли за себеси и за своите постапки и способност е само одраз на критички или песимистички внатрешен дијалог што многумина луѓе го водат со самите себе. Дали постојано си велите себеси дека не сте доволно добри? Овие негативни мисли може значително да му наштетат на вашето ментално здравје.

2. Се стремите кон токсичен перфекционизам

Додека стремежот за извонредност може да биде позитивна особина, перфекционизмот може да стане проблем кога води до прекумерна самокритика, вознемиреност и нереални очекувања. Перфекционизмот може да доведе до чувство на анксиозност, сомнеж во себе, па дури и до депресија. Тоа ве тера да се фокусирате на недостатоците и грешките наместо на успесите и достигнувањата.

3. Си вршите саботажа

Саботажата може да вклучува однесувања кои се контрапродуктивни или самоуништувачки и кои може да доведат до негативни последици, како што се пропуштени можности или нарушени односи. Саботажата може да произлезе од недостаток на самопочит или самодоверба, страв од неуспех или нерешени емоционални прашања. За да се надмине ова, важно е да се идентификуваат основните причини и да се работи на нивното решавање.

4. Постојано се споредувате со другите

Еден од знаците за нездрав однос со себе е споредувањето со другите. Ова може да доведе до чувство на несоодветност, сомнеж во себе и ниска самодоверба. Оваа токсична навика може да предизвика чувство на љубомора, завидливост, па дури и огорченост кон другите.

5. Не можете да кажете „НЕ“

Самозанемарувањето е модел на однесување што може да вклучи игнорирање на физичка или емоционална болка, негрижа за себе или самоуништувачки однесувања. Дали ги занемарувате сопствените потреби и ви е тешко да кажете „Не“? Дали им давате приоритет на работата или другите обврски наместо да посветите повеќе време на себе? Кажувањето „да“ на сè може да доведе до прекумерна посветеност, исцрпеност и огорченост. Затоа, неопходно е да си поставите приоритети.

Откако прочитавте за знаците кои укажуваат на токсичен однос кон себеси, можеби ќе сакате да прочитате и за 7 -те работи во животот за кои мора да бидете искрени кон себеси.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар