Кои видови зеленчук содржат најмногу протеини?

Кои видови зеленчук содржат најмногу протеини?

Протеинот е клучниот елемент на здравата исхрана и иако протеините можете да ги добиете од месо, сирење и друга храна, сепак најдобар извор на протеини е зеленчукот.

Кои видови зеленчук содржат најмногу протеини?

Протеините се клучен дел од здравата, урамнотежена исхрана. Тие се неопходни за одржувањето на здрави клетки во телото, но и за создавање ензими и хормони, одржување на правилен баланс на течности и рамнотежа во телото.

Ако не внесувате доволно протеини, ќе имате проблем со одржување на мускулната маса и често ќе бидете гладни. Затоа, важно е да знаете кој зеленчук содржи високи количини на протеини за да можете да го вклучите во вашата рутина и да го комбинирате со вашите дневни оброци. Покрај тоа што ќе бидете сити, ќе внесете екстремно голема количина на протеини и на тој начин ќе ја замените потребата од некоја друга храна.

Брокула

Брокулата има исклучително богата хранлива и енергетска вредност. Една брокула (приближно 437 грама) содржи повеќе од една третина од препорачаната дневна количина на протеини. Покрај тоа, таа е и извор на витамини и минерали – витамин Ц, провитамин А, витамин Б6, пантотенска киселина, рибофлавин, калциум, магнезиум, железо, фосфор и калиум.

Спанаќ

Спанаќот е преполн со хранливи материи и нуди моќна антиоксидантна заштита. Содржи фитонутриенти и е одличен извор на антиоксидантски хранливи материи, вклучувајќи витамин Ц, витамин Е, бета-каротин, манган, цинк и селен. Корисен е за зајакнување на здравјето на коските благодарение на присуството на витамин К, магнезиум, манган и калциум, а исто така е одличен извор на влакна.

Аспарагус

Само половина чаша варен аспарагус обезбедува 57 проценти од препорачаната дневна доза на витамин К, клучна хранлива материја за здравјето на коските која често се занемарува. Аспарагусот има богата хранлива вредност и содржи витамини А, К, Б, Ц и Е, фолна киселина, железо, бакар, влакна, манган, калиум, холин, цинк, магнезиум и селен. Аспарагусот е и моќен диуретик кој помага да се ослободи телото од мочната киселина и ги разградува камењата во бубрезите.

Сладок компир

Слаткиот компир е една од најдобрите намирници за подобрување на расположението бидејќи произведува ендорфини како серотонин кој го зголемува расположението. Тој има и растителни влакна, така што енергијата од јаглехидратите постепено влегува во вашиот крвоток, одржувајќи го стабилно нивото на енергија. Слаткиот компир е богат извор и на витамин Б6, кој го намалува ризикот од срцеви заболувања, а покрај тоа, бета-каротенот од слатките компири е моќен антиоксиданс. Затоа не заборавајте да го вклучите во вашите оброци.

Шитаке печурки

Шитаке печурките содржат 90 проценти вода и се добар извор на влакна, витамини од групата Б и некои минерали. Тие се преполни со антиинфламаторни соединенија кои во голема мера го зајакнуваат имунолошкиот систем. Се карактеризираат со бројни нутритивни придобивки и можат да се додадат во широк спектар на јадења. Имаат и антибактериски, антивирусни и антигабични својства, го ублажуваат воспалението, а бидејќи се природен извор на витамин Д, ги зајакнуваат коските.

Откако прочитавте кој вид зеленчук содржи најмногу протеини, можеби ќе сакате да прочитате и кое овошје содржи висок процент на протеини.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар