Кои видови суперхрана можат да ја спречат појавата на рак?

Кои видови суперхрана можат да ја спречат појавата на рак?

Научниците откриле дека некои основни прехранбени производи кои ни се постојано на дофат, можат да го спречат растот на канцерогените клетки. Проверете за кои состојки станува збор.

Кои видови суперхрана можат да ја спречат појавата на рак?

1. Темно чоколадо

Верувале или не, темното чоколадо може да го спречи растот на туморите. Тоа содржи голема количина на какао што може да го спречи оштетувањето на ДНК, но и да го намали активирањето на молекулите кои се неопходни за развој на ракот. Според едно истражување објавено во The British Journal of Nutrition, 45 грама темно чоколадо кое содржи 70% какао значително го намалил ризикот од оштетување на клетките во организмот.

2. Брокула

Брокулата има висока концентрација на сулфорафан, супстанција која ги уништува клетките на туморот. Истражувањата покажале дека сулфорафанот ги таргетира клетките на туморот и ја намалува неговата големина. Брокулата е поволна особено во борбата против ракот на црниот дроб, мочниот меур, желудникот и белите дробови. Сепак, потребни се дополнителни истражувања за да се испита докрај нејзиниот потенцијал во борбата против ракот. Нутриционистите и дијабетичарите препорачуваат секојдневно консумирање брокула како дел од салати, тестенини, омлети и пица.

3. Лук

Лукот е богат со фитохемикалии кои го спречуваат формирањето на нитрозамини, канцерогени клетки кои се формираат во цревата и желудникот поради консумирањето нитрати, вообичаениот конзерванс за храна. Истражувањата покажале дека додавањето лук во исхраната може да го намали ризикот од рак на дебелото црево кај жените за 50%. Лукот помага и во борбата против ракот на дојката, желудникот и хранопроводникот.

4. Ореви

Познато е дека естрогенот го поттикнува растот на туморот на дојката. Оревите пак, содржат растителни молекули познати како фитостероли кои ги блокираат естрогенските рецептори во клетките на ракот на дојката, но и го забавуваат нивниот раст. Според некои анализи, оревите имаат моќ да го одложат ракот на дојката дури за 9 години. Тие исто така помагаат и во борбата против ракот на простата.

5. Зелен чај

Студиите откриле дека полифенолите во зелениот чај го спречуваат размножувањето на клетките на туморот и предизвикуваат апоптоза – еден вид клеточна смрт. Консумирањето зелен чај може да ги активира ензимите за детоксикација на организмот, но и да обезбеди заштита од тумор.

6. Куркума

Куркумата е популарен зачин во индиската кујна и станува сè популарен и во алтернативната медицина. Се карактеризира со својства кои се корисни при лекување на хронични медицински состојби, ја спречува појавата на рак и го стимулира намалувањето на тежината. Куркумата, неговата активна состојка, може да го намали растот на клетките на ракот на белите дробови и дојката. Истражувањата покажале дека дневното консумирање куркума (од 1 до 3 грама) може да го спречи ракот.

7. Црвено вино

Црвеното вино содржи моќен антиоксиданс, ресвератрол, кој ја спречува појавата на рак на дојка. Ова биоактивно соединение е познато и по тоа што го намалува воспалението на мозокот кај луѓето со деменција, но и го забавува процесот на стареење на мозокот. Антиоксидансот помага и во одржување на имунитетот на организмот, особено во поглед на заштита од вирусни и бактериски напади.

Откако прочитавте кои видови храна можат да го намалат развојот на рак, можеби ќе сакате да прочитате и за пролетното овошје кое помага во борбата против ракот на дојката.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар