Кои се здравствените придобивки од карфиолот?
Карфиолот е полн со хранливи материи, минерали и витамини вклучувајќи рибофлавин, ниацин и витамин Ц. Богат е и со антиоксиданти благодарение на витаминот Ц и со каротеноиди (растителни пигменти што се претвораат во витамин А во организмот).
Но, што го прави карфиолот толку посебен? Богат е со глукозинолати, соединенија што содржат сулфур, има силни антиоксидантни својства, содржи соединенија што служат за детоксикација и го намалуваат воспалението во организмот.
Нутритивна вредност на 100 грама карфиол:
- 27 калории
- 2 грама протеини
- <1 грам мрснотии
- 5 грама јаглехидрати
- 2 грама влакна
- 2 грама шеќер
Во продолжение прочитајте кои се здравствените придобивки од карфиолот.
1. Го подобрува варењето на храната
Влакната го подобруваат правилното функционирање на дигестивниот тракт. Зеленчукот е еден од најдобрите извори на влакна, а карфиолот не се разликува од останатите зеленчуци.
2. Има позитивно влијае на нервите
Кога станува збор за здравствените придобивки од карфиолот, не треба да заборавите дека содржи високо ниво на холин, основна хранлива материја која им помага на вашиот мозок и на нервниот систем да ги регулираат меморијата и расположението и да ги контролираат мускулите.
3. Помага при слабеење
Кога се користи наместо калорична храна, карфиолот може да ви помогне да го намалите вишокот килограми и да ја одржувате телесната тежина. Во 100 грама карфиол има само 27 калории, што го прави одлична замена за ориз или пире од компири.
Сепак, овој популарен зеленчук содржи комплексен шеќер наречен рафиноза и кај некои луѓе предизвикува тешкотии при варењето во организмот.
Погледнете како да направите домашен лек со кој сувата кашлица ќе исчезне преку ноќ.