Кои се здравствените придобивки на сокот од коприва?

Кои се здравствените придобивки на сокот од коприва?

Дали знаевте дека копривата нуди бројни придобивки кога здравјето е во прашање? Најдобар начин да ги искористите сите нејзини лековити својства е преку сокот од коприви.

Кои се здравствените придобивки на сокот од коприва?

За што е добра копривата?

Покрај тоа што е заштитена од животни и штетници благодарение на киселината која предизвикува изгореници, копривата е исклучително лековита од листовите, стеблата, до цветовите и корените.

Најважното нешто што треба да се има предвид е дека копривата содржи екстремно големи количини на железо, што ја прави совршен сојузник против анемија.

Освен со железо, копривата е богата со минерали како калциум, магнезиум, фосфор и силициум. Богата е и со витамин Ц, но витаминот Ц најмногу се губи при преработката, а копривата во свежа форма е речиси невозможна за консумирање.

Има антибактериски, антивирусни, антиинфламаторни, диуретични својства, ја намалува болката и го запира крварењето. Витамините А, Б2, Б5 и К, во комбинација со каротин, лецитин и бројни амино киселини, протеини и јаглехидрати ја прават копривата одличен лек за многу болести.

Копривата влијае и на регулација на крвниот притисок, ја стимулира работата на црниот дроб и панкреасот, помага при орални инфекции, како и болести како егзема, акни и опаѓање на косата.

Сок од коприва

Како што веќе спомнавме, копривата е пријател на организмот, без разлика дали се работи за артритис, астма, жолчка, уринарни или респираторни проблеми, проблеми со кожата или грчеви во стомакот.

Сокот од коприва има позитивен ефект во поглед на:

  • стимулација на лимфниот систем
  • подобрување на имунитетот
  • зајакнување на фетусот кај бремени жени
  • олеснување на менструалните грчеви
  • помош при респираторни заболувања
  • намалување на чувството на гадење
  • настинки
  • воспалување
  • дијареја
  • анемија

Рецепт за традиционален сок од коприва:

Потребни состојки:

  • 30-40 млади врвови од коприва
  • 3 литри ладна вода
  • 5-6 лимони/портокали
  • 1 килограм шеќер

Начин на подготовка:

Наберете ја копривата во поле или во близина на шума, покрај поток или во вашата градина. Ставете ја копривата во вода и исечкајте 6 лимони или портокали по избор. Покријте ја смесата и оставете ја така да отстои 24 часа. По овој период изгмечете ги состојките со раце, па исцедете ги и додадете шеќер. Важно е сирупот да се меша додека не се раствори шеќерот, доволно е повремено да се меша во следните 24 часа за се да се соедини. Откако шеќерот добро ќе се раствори, истурете го сирупот во стаклени шишиња и чувајте го на суво и ладно место.

Откако прочитавте за здравствените придобивки од копривата, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за леб со коприва.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар