Кои се тајните на жените кои секогаш имаат уредни плакари?

Кои се тајните на жените кои секогаш имаат уредни плакари?

Вашите плакари ги чуваат во себе највредните и најомилените парчиња облека. Но, понекогаш се прашувате зошто тој ви е секогаш во хаос? Дали ви се случило од големата пренатрупаност и неуредност, да не можете да најдете некое парче облека? И, веројатно си помислувате како останатите девојки и жени успеваат да се справат со тој предизвик. Вие не сте единствените на овој свет чиишто плакари се најчесто неуредни, но има и жени кои кон своите плакари се однесуваат со длабока почит и им го посветуваат потребното внимание. Кои се нивните тајни за одржување на уредноста и беспрекорната подреденост на облеката?

1. Старите работи ги заменуваат со нови

(1) Кои се тајните на жените кои секогаш имаат уредни плакари?

Жените кои имаат совршено уредни плакари не се врзуваат со стари парчиња облека кои никогаш не ги носат и кои само зафаќаат место. Кога купуваат ново парче облека, за него прават место исфрлајќи некое старо, кое веќе не го носат. Истото важи и за чевлите и модните додатоци. Не се плашете да ги фрлите во канта доколку се премногу стари и изветвени или да ги дадете во некоја донација доколку се добро зачувани, но знаете дека нема никогаш повеќе да ги облечете.

2. Прават редовна „чистка“

(2) Кои се тајните на жените кои секогаш имаат уредни плакари?

Овие жени редовно ги средуваат своите плакари. „Чистките“ за нив не преставуваат никаков проблем. На пролет и на есен тоа го прават редовно, но искуствата покажуваат дека најдобро е барем еднаш месечно да нурнете во плакарите и да откриете што кријат во себе. Ослободете се од сите парчиња кои повеќе никогаш нема да ги облечете или од оние кои чекаат да бидат поправени, потскратени, стеснети…

3. Имаат одреден систем по кој ги местат алиштата

(3) Кои се тајните на жените кои секогаш имаат уредни плакари?

Секоја жена има различен пристап по ова прашање. Не мора да ги групирате алиштата според временскиот период кога ги носите, иако тоа е најлогичен пристап. Ниту пак да ги местите според бојата или стилот. Едноставно размислете кој начин ви е најфункционален, а таквата подреденост во плакарот ќе внесе свежина и лесен пристап до облеката во секое време.

4. Секоја педа од просторот ја користат на најефикасен начин

(4) Кои се тајните на жените кои секогаш имаат уредни плакари?

Треба добро да се осмисли просторот, така што секој сантиметар ќе биде најефикасно искористен. Користете закачалки за чантите, полици за чевлите, тешко достапните полици и делови употребете ги за складирање на патни торби и други предмети и облека која многу ретко ја користите (капути, шешири, опрема за скијање…). Најдобро би било да ги извадите сите нешта од плакарот, добро да погледнете во празниот простор и да смислите на кој начин ќе ги организирате работите во него.

5. Секогаш ги враќаат работите на нивното место

(5) Кои се тајните на жените кои секогаш имаат уредни плакари?

Жените со уредни плакари ништо не оставаат на случајноста. Секогаш ги враќаат работите на своето определено место, без исклучок. Не можете да барате среден плакар, доколку само ги вадите парчињата облека од него, а не ги враќате по нивната употреба, а потоа наеднаш, кога треба да ја средите собата, ги натрупувате набрзина по полиците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар