Претходно
Кои се придобивките од утринскиот секс?
Датум: 06 јан 2014
Коментари: 0
Наместо будилникот, многу побрзо ќе ве расони утринскиот секс, бидејќи утрото кое започнува со водење љубов, може да го промени текот на денот и да го обои во ведри бои. Предностите на утринскиот секс се многубројни.
- Луѓето кои редовно го практикуваат, имаат повисоко ниво на окситоцин, хормон поради кој се чувствуваме заљубено. Тој го олеснува поврзувањето со партнерот, го смалува нивото на стрес, ги ублажува симптомите на депресија и го намалува крвниот притисок.
- Утринското водење љубов го зголемува лачењето на серотонин и допамин, невротрансмитерите кои се одговорни за чувството на смиреност и задоволство.
- Полесно и побрзо ќе се разбудите ако денот го започнете со акција во креветот. Можеби нема да ви биде потребна ни утринската доза кафе. Утринскиот секс делува позитивно и на вашите мускули, на имунитетот, кожата, косата и ноктите, па и ќе ве разубави.
- Луѓето кои водат љубов наутро три пати неделно, имаат многу помал ризик од срцев и мозочен удар.