Кои се причините да се чувствувате виновни во врската и како да се справите со нив?

Кои се причините да се чувствувате виновни во врската и како да се справите со нив?

Чувството на вина најверојатно е едно од најлошите чувства на светот. Понекогаш се чувствуваме виновни без никаква причина. Другпат, пак, чувствуваме како стомакот ни се превртува поради тоа што сме му наштетиле некому кого го сакаме. Во продолжение прочитајте ги најчестите причини поради кои луѓето се чувствуваат виновно во љубовната врска.

Кои се причините да се чувствувате виновни во врската и како да се справите со нив?

1. Мислата дека не сте доволно добри

Една од главните причини за чувствување вина во љубовната врска е чувството на недостојност. Мислата дека не сте доволно добри за некого понекогаш може да биде навистина обесхрабрувачка. Ова се јавува како резултат на ниската самодоверба и може да доведе до уништување на односите доколку не се реши навремено. Затоа, запомнете дека вашиот партнер ве избрал вас, а не некоја друга личност. Тоа значи дека треба да престанете да се споредувате со другите и да бидете свои.

2. Немате храброст да ставите крај на врската

Се обидувате со сите сили да ја задржите врската? Сметате дека со текот на времето нештата ќе се подобрат? Се чувствувате виновни бидејќи веќе некое време како вашите чувства кон партнерот се во статус на мирување? Како и во сите други ситуации, искреноста е најдоброто решение. Обидете се да поразговарате со партнерот и притоа докрај да ги споделите вашите размислувања за моменталната ситуација. Можеби ќе се чувствувате виновно доколку вашиот партнер не може да го замисли својот живот без вас, а вие не можете да возвратите со истата мера. Најважно од сè е да бидете искрени со себе и да разговарате со партнерот.

3. Двајцата сте премногу зафатени

Понекогаш обврските можат да ве спречат да си посветите доволно внимание еден на друг, а тоа лесно може да доведе до чувство на вина. Не заборавајте дека сето тоа е нормално, но исто така нормална би била реакцијата и да побарате малку повеќе внимание и трпение од страна на вашиот партнер.

Откако прочитавте за главните причини за вина во љубовната врска, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те фази на љубовната врска.

Извор: lifehack.org


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар