Кои се предностите од тренинг со партнерот?
Иако со убавото време се зголемува и желбата за здрави навики, на многу луѓе сепак им фали мотивација. Кога помислувате на напорниот кардио тренинг, можеби посакувате да се вратат студените денови. Но што доколку има тренинг кој ќе биде и ефикасен, и забавен?
Станува збор за тренирањето во пар, односно со вашиот партнер, што подразбира изведување ефикасни вежби во природа, теретана или од удобноста на вашиот дом. Овој начин на вежбање е навистина корисен бидејќи секогаш ќе се мотивирате еден со друг, ќе сакате да изгледате подобро како пар, но и ќе сакате да бидете здрави и енергични. Доколу сте почетници, можете да започнете со трчање во природа, а потоа додавајте и нови вежби. Со текот на времето ќе оформите ваша рутина за вежбање.
Овој начин на вежбање ќе ги развие трпеливоста и толеранцијата во вашата врска, бидејќи ќе се поддржувате и ќе си помагате со партнерот. Доколку едниот од вас е физички поактивен, важно е да направите план за вежбање што ќе ви одговара и на двајцата. Без сомнение ќе ги постигнете добрите резултати, ќе бидете мотивирани и речиси и да нема да испуштите ден за вежбање.
Доколку не знаете од каде да почнете, можете да ја погледнете оваа 30-минутна рутина за вежбање со партнер.
Но дали важи истото и за држењето диети? Дознајте зошто не треба да бидете на диета заедно со вашиот партнер.