Кои се најтешките прашања во животот?
Постојат прашања за животот кои што ќе ве натераат да размислите и најверојатно ќе ви бидат потребни многу време и искуство за да ги одговорите. Таквите тешки и длабоки прашања можат да ве исфрлат од рамнотежа, па дури и да ве натераат да го доведете во прашање начинот на кој го живеете сопствениот живот. Вистината до која ќе дојдете преку овие прашања може да биде тешка и болна, но не плашете се да ги поставите бидејќи тие ќе ви помогнат полесно да се соочите со животот. Еве за кои прашања станува збор.
1. Што е тоа што ќе оставите зад себе? Како би сакале луѓето да ве паметат откако ќе ве нема?
2. Ќе можете ли да се справите со смртта на своите родители и на брачниот другар? Дали ќе можете да живеете среќен живот без нив?
3. Дали сте љубоморни на некого? Ако одговорот е да, тогаш на кој му љубоморите и зошто?
4. Доколку личноста која најмногу ве повредила во животот еден ден се појави пред вас и ви побара прошка дали би ѝ простиле?
5. Кога би имале среќа да ви бидат исполнети три желби, кои желби би ги посакале и зошто?
6. Дали сте задоволни од вашиот живот?
7. Дали понекогаш сте премногу сурови кон себеси?
8. Кога би ја погледнале личноста која сте денес, дали би биле среќни и горди на себе?
9. Ако вашите пријатели ве опишат со 3 збора, како мислите дека би ве опишале?
10. Доколку денес е вашиот последен ден на Земјата, кој филм би сакале да го гледате и зошто?
11. Доколку постои само една личност со која би можеле да разговарате до крајот на вашиот живот, која би била таа?
12. Во кој момент сфативте дека е во ред другите да се грижат за вас?
13. Доколку ви биде побарано да се откажете од вашата работа од соништата поради вашиот партнер/сопружник, дали би го направиле тоа?
14. Дали би го жртвувале животот за вашите најблиски?
15. Дали некогаш сте се преправале дека не ви треба помош, а всушност ви била потребна?
16. Кои се важните лекции кои ви го смениле животот и за кои сметате дека не би ги научиле доколку не би доживеале болка и страдање?
17. Што мислите дека е поважно – да ве почитуваат или да ве сакаат?
18. Дали среќата е право или привилегија?
19. Што би му кажале на вашето 15-годишно јас кога би се вратиле назад во времето?
20. Кога би знаеле како и кога ќе умрете, дали би го промениле начинот на кој го живеете сега животот?
21. Дали се чувствувате лути и фрустрирани секогаш кога работите не се одвиваат онака како што посакувате?
22. Дали сметате дека некогаш можете да имате целосна контрола врз вашиот живот?
23. Дали некогаш сте ја прекинале врската со одредена личност за што се каете и до денес?
24. Дали некогаш сте му простиле на некого кој многу ве повредил, но никогаш не ви се извинил?
25. Дали има нешто во вашиот живот што се трудите да го избегнете по секоја цена?
26. Дали мислите дека страдањето е неопходно за да се постигне мудрост во животот?
27. Зошто сме толку исплашени од смртта? Која е вистинската причина за стравот од смртта?
28. Што е полесно – да се сака или да се мрази?
29. Бебињата и децата се сметаат за невини суштества. Во кој момент од животот сметате дека луѓето почнуваат да ја губат својата невиност?
30. Доколку постои само едно нешто што секој човек треба да го доживее во животот, што е тоа според вас?
31. Доколку би можеле да патувате низ времето, каде би сакале да отидете, во минатото или во иднината? Во која ера би сакале да патувате?
32. Дали ви е поважно она што другите го мислат за вас или она што вие го мислите за себеси?
33. Дали реалноста е еднаква за сите или се разликува од личност до личност и според нејзините перцепции?
34. Која е првата работа што би ја направиле кога би добиле огромно богатство?
35. Што сметате дека е поважно – мотивација или дисциплина?
36. Дали ви е лесно да бидете благодарни за работите што ги имате или имате тенденција да се фокусирате на она што го немате?
37. Зошто ни недостасуваат безгрижните детски денови?
38. Дали бесмртноста е благослов или проклетство?
39. Доколку имате можност да промените нешто во вашето минато, дали би го направиле тоа?
40. Зошто секогаш им простуваме на оние кои ги сакаме дури и ако најмногу нè повредиле?
41. Што мислите дека пропуштате доколку не излезете надвор од вашата комфорна зона?
42. Што би избрале – да живеете вечно или да умрете и да останете запаметени засекогаш?
43. Дали сметате дека технологијата го уништува човештвото?
44. Која е вашата омилена боја и зошто?
Откако го прочитавте нашиот список со најтешките прашања во животот, можеби ќе сакате да прочитате и за единственото прашање што може да ви го промени животот засекогаш.
Извор: themindsjournal.com