Кои се најраните симптоми на бременоста?
Доцнењето на менструалниот циклус не е единствен показател за бременост. Постојат низа други рани знаци, кои доколку ги забележите на време, се одлични показатели дека сте бремени.
Главоболка
Се менува крвниот притисок во организмот и тоа доведува до појава на главоболка.
Несоница
Вообичаено почнува во третата недела по зачнувањето и е последица на зголеменото ниво на естроген и прогестерон.
Грчеви
Слични се на менструалните грчеви, но сепак можат да послужат како добар знак за рана бременост.
Намален апетит
Жените кои чувствуваат мачнина и повраќаат често, имаат и намален апетит.
Млечно бел исцедок
Доколку не ве чеша или пече, тоа е нормално. Кај многу жени ова е честа појава која трае и во текот на целата бременост.
Зачестено мокрење
Матката почнува да го притиска мочниот меур, оставајќи помалку простор за урината.
Чувствителност на градите
Вашите млечни жлезди се подготвуваат за доење.
Брадавиците на градите стануваат потемни
Брадавиците и темните кругови околу нив, освен што стануваат почувствителни, вообичаено добиваат потемна боја и се зголемуваат.
Мачнини од силни мириси
Понекогаш, дури и мирисите кои претходно ви се допаѓале, можат да ви создадат мачнини.
Желба за одредена храна
Наеднаш се појавува чувство за одредена храна. Се будите ноќе и сакате да пробате чоколадо, јагоди, кисели краставици… Тоа е еден од знаците за бременост.
Замор
Зголеменото ниво на прогестерон може да предизвика замор.
Промена на расположението
Расположението во бременоста е слично на она расположение пред менструалниот циклус.
Одбивност кон партнерот
Промените во хормоните можеби ќе ви донесат потреба да бидете сами. Ви се создаваат мачнини од неговиот парфем или едноставно сакате да бидете сами? Не грижете се, ќе помине.
„Тврда столица“
Ова е еден од симптомите кои укажуваат на рана бременост. Кај некои жени, таквиот проблем се провлекува во текот на целата бременост.
Доколку забележувате некои од овие рани симптоми, можете да направите тест за бременост, но најдобро би било да се посоветувате со вашиот лекар, кој ќе ве упати на понатамошни прегледи за утврдување на бременоста.