Кои се најчестите токсични однесувања поради кои луѓето ве одбегнуваат?

Кои се најчестите токсични однесувања поради кои луѓето ве одбегнуваат?

Често забележуваме токсично однесување кај другите луѓе, но дали сме доволно свесни да го забележиме тоа и кај нас? Важно е да знаеме што е тоа што треба да промениме кај нас, дали нешто лошо влијае врз нас или врз другите луѓе, со кого да се збогуваме, а кому да му простиме…

Кои се најчестите токсични однесувања поради кои луѓето ве одбегнуваат?

Токсичното однесување може да се стекне уште од детството, а понекогаш и не сте свесни дека одредени ваши однесувања се токсични. Еве кои се најчестите однесувања поради кои другите ве одбегнуваат.

1. „Јас сум подобар/а од тебе“

Многу луѓе, кога ќе запознаат некого, почнуваат да се споредуваат со таа личност. Повисок сум, понизок, во подобра или полоша форма, побогат, посиромашен, посреќен и на крајот… подобар. Нашето его е тоа што нè тера да се фокусираме на она кое мислиме дека нè прави супериорни во однос на другата личност, освен ако тоа не е некој на кој навистина му се восхитуваме и сакаме да ја имитираме таа личност, да научиме нешто од неа. За да престанете да се споредувате, оставете ги настрана разликите и наместо тоа фокусирајте се на заедничките работи и сличностите.

2. „Не те осудувам, но, всушност, те осудувам“

Ова е ситуација кога цврсто се држите за вашите ставови и верувања, или она што го налага општеството, а потоа ја гледате таа личност низ тие очила на илузија – без да размислувате што има внатре. Тоа се ситуации кога коментирате за туѓиот изглед, изборот на облека, автомобилот, образованието, начинот на комуникација, животниот избор. Решението за ваквата токсична реакција е да застанете пред огледалото и да се потсетите како изгледа кога некој ве осудува, како се чувствувате, дали е тоа пријатно искуство… Едно од најважните правила на животот е да не им го правите на другите она што тие не би сакале да ви го прават вам.

3. „Не ти обраќам внимание“

„Премногу си самобендисан/а“; „Не ме слушаш“; „Не ми обраќаш внимание“… Дали често сте добивале вакви реакции од други луѓе? Дали мислите дека сè што ќе кажете, правите, мислите или планирате е поважно од она што другиот го споделува со вас во тој момент? Ова токсично однесување е особено видливо во романтичните врски. Ги отфрламе оние со кои сме блиски и за кои тврдиме дека ги почитуваме, бидејќи не ги третираме нивните мисли, идеи или потреби како подеднакво важни или вредни со нашите. Еден начин да престанете да го правите ова е да размислите за сите моменти кога другата личност покажала вистински интерес за вас. Потсетете се дека е важно да слушате и да сфатите дека љубовта е меѓусебно почитување и разбирање.

Откако прочитавте за најчестите токсични однесувања поради кои луѓето ве одбегнуваат, можеби ќе сакате да прочитате и за 10-те типови луѓе кои токсично влијаат на вас и вашиот живот.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар