Кои се најчестите токсични мисли и ограничувања кои самите си ги поставуваме?

Кои се најчестите токсични мисли и ограничувања кои самите си ги поставуваме?

Токсичниот начин на размислување се развива како резултат на воспитувањето, околностите и разните искуства во минатото кои можат да испратат одредена негативна порака за нашите вредности или способности. Овие се 5-те најчести негативни мисли кои секој од нас си ги помислил барем еднаш во животот.

Кои се најчестите токсични мисли и ограничувања кои самите си ги поставуваме?

1. Не сум доволно добар

Ова е едно од најчестите негативни уверувања. Можно е еднаш во животот да сме сакале нешто многу, но не сме го добиле или не сме го постигнале. Но, како резултат на тоа, овој неуспех се претвора во причина поради која не сакаме да одиме напред поради страв од потенцијална болка од нов неуспех. Факт е дека можеби не сме квалификувани за одредена работа или дека не поседуваме одредена вештина, но тоа не значи дека не сме доволно добри. Тоа само значи дека некои работи или некои цели не се за нас во овој момент. Тоа значи дека треба да работиме на себе или на некои од нашите вештини пред да бидеме подготвени за нови искуства.

2. Сите ме напуштаат

Сите кога-тогаш ќе нè напуштат, па затоа за нас подобро би било да поставиме одбранбени ѕидови околу нас и да дадеме сè од себе за да не дозволиме луѓето да ни се приближат доволно за да не можат ни да нè повредат. Ова верување е особено присутно во партнерските односи. За да ја залечиме оваа рана, прво треба да ја откриеме причината за ова верување и да направиме длабока интроспекција.

3. Животот е борба

Сигурно досега многупати сте слушнале дека сè е борба во животот и дека животот не е фер. Поради ова верување, имаме впечаток дека не ги заслужуваме работите што ни доаѓаат лесно или дека она што го постигнуваме без труд не е ни достојна цел за поставување. Овој начин на размислување, од друга страна, нè спречува да имаме големи цели затоа што веруваме дека ќе треба да направиме многу жртви за кои не сме подготвени.

4. Не смеете да се откажете

Живееме во општество кое доста остро ги осудува луѓето кои се откажуваат и не се „борци“. Од сите страни до нас стигнуваат пораки дека тие што победуваат не знаат да се откажат и дека упорноста и истрајноста се највредни за постигнување на целите. А откажувањето понекогаш е навистина најдобрата одлука за нас. Кога чувствуваме дека нешто едноставно повеќе не е наша цел или дека тоа нè прави несреќни и го влошува нашиот квалитет на живот, не е подобро да се откажеме и да ја насочиме нашата енергија на нешто друго? Во ред е да се откажете од врската што ве повредила. Во ред е да се откажете од работата која повеќе не ве исполнува.

5. Секогаш треба да бидете позитивни

Една од основните пораки што ги добиваме додека растеме е да се трудиме секогаш да бидеме добри. Ова верување може многу да нè ограничи, особено ако сме во токсична врска бидејќи нè спречува да се заштитиме од манипулаторите. Не можеме да бидеме морални херои во ситуации кога некој упорно ни ги гази границите и ја загрозува нашата благосостојба.

Откако прочитавте за 5-те најчести негативни уверувања, можеби ќе сакате да прочитате и кои се негативните последици од претераното размислување.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар