Кои се најчестите неоправдани причини поради кои му се лутиме на нашиот партнер?

Кои се најчестите неоправдани причини поради кои му се лутиме на нашиот партнер?

Уште пред 2.000 години, римскиот император Марко Аврелиј рекол: „Доколку сте вознемирени поради некој надворешен фактор, болката не е резултат на самиот тој фактор, туку на вашата проценка на истиот, која имате моќ да ја промените во секој момент“.

Или со други зборови: Се чувствувате онака како што мислите. Вашите верувања, очекувања и мисли во врска со нешто доведуваат до чувствата што ги имате. Токму затоа две различни личности реагираат на сосема различен начин кога ќе се најдат во иста ситуација. Доколку заглавите во сообраќај, или ќе се нервирате и ќе викате, или ќе се опуштите, ќе си пуштите музика и ќе грицнете нешто. Не е сообраќајот она што ве вознемирува, туку вашите верувања и мисли за него.

Кои се најчестите неоправдани причини поради кои му се лутиме на нашиот партнер?

Ова важи за сите нешта во животот. Верувале или не, можете да почувствувате болка и вознемиреност, без да се налутите и нервирате. Ние сме несреќни само поради нашата перцепција и очекувања. Кога доживуваме некои негативни емоции, сакаме веднаш да се ослободиме од нив и наместо да се соочиме, ги насочуваме кон некоја друга личност или на повеќе луѓе кои нѐ опкружуваат.

Почнуваме да ги обвинуваме надворешните нешта и луѓе, наместо да погледнеме што се случува во нас самите. Кога станува збор за љубовни врски, најлесно е да се обвини личноста со којашто сме, односно нашиот партнер. Ова се двете најчести причини поради кои неоправдано му се лутите на вашиот партнер…

Сте имале нереалистични очекувања

Многу е важно да имате високи стандарди, но ниски очекувања. За повеќето луѓе важи обратното. Имаат ниски стандарди и прифаќаат секакво можно токсично однесување од останатите, но истовремено имаат и неверојатно високи очекувања, па се чувствуваат разочарани кога тие нема да бидат исполнети.

Доколку некогаш сте разочарани или фрустрирани, тоа значи дека вашите очекувања веројатно биле многу високи во одредена ситуација. Можеби сте очекувале некаков посебен подарок за вашиот роденден или сте очекувале вашиот сакан да ви ги прочита мислите и да знае дека треба да ви помогне околу домашните обврски. Треба да имате високи стандарди, но не и да очекувате од вашиот партнер да ги исполни 100% од времето.

Кои се најчестите неоправдани причини поради кои му се лутиме на нашиот партнер?

Верувате дека вашата гледна точка е единствената гледна точка

Луѓето имаат тенденција да мислат дека секогаш се во право и дека ги знаат вистинските факти. Но, постојат различни начини на кои може да се гледа одредена ситуација. Ако 5 луѓе се сведоци на сообраќајна несреќа од 5 различни гледни точки, веројатноста е дека ќе дадат различни изјави за она што „навистина“ се случило и кој бил виновен. Ниту еден од нив нема да биде 100% во право. Се работи само за нивната лична перцепција на она што се случило.

Кога сме во врска, ние постојано го правиме ова. Но, ако ја отфрлате гледната точка на вашиот партнер само затоа што се разликува од вашата, тоа неизбежно ќе доведе до караници и конфликти.

Преземете одговорност за вашите сопствени очекувања и перцепција

Пред да му се истурите на партнерот, направете анализа на она што го размислувате и зошто го размислувате. Запрашајте се: „Кој вели дека ова е вистина?“ или „Што друго би можело да биде вистина?“.

Нареден пак кога ќе се скарате или ќе се почувствувате фрустрација поради вашиот сакан, земете воздух, застанете и поставете си ги тие прашања. Ако сакате да го промените начинот на кој се чувствувате, прво мора да го промените начинот на кој размислувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар