Кои се најчестите фрази кои им помагаат на силните луѓе да се справат со тешкотиите во животот?

Кои се најчестите фрази кои им помагаат на силните луѓе да се справат со тешкотиите во животот?

Луѓето кои се емотивно силни знаат како да се справат со тешките искуства. Се помирувааат со моментите на болка и страдање, но се благодарни и за сите лекции, дури и ако ништо не оди по планот и знаат како да се фокусираат на она што можат да го контролираат. Еве ги најчестите фрази на силните луѓе кога минуваат низ тежок период:

Кои се најчестите фрази кои им помагаат на силните луѓе да се справат со тешкотиите во животот?

1. „Можам да го преболам ова“

Емоционалната отпорност е поврзана со издржливоста и менталната сила. Важно е да разберете дека треба да бидете силни и да се соочите со тешката ситуација низ која поминувате без да дозволите таа да ве депримира и да ви го наруши менталното здравје.

2. „Нема да дозволам да бидам жртва“

За да бидете ментално и емоционално издржлива и силна личност кога ви е нанесена неправда, треба да ја промените перспективата од „Јас сум жртва и не можам да сторам ништо“ во „Како да го надминам ова?“. На тој начин побргу ќе излезете од оваа ситуација.

3. „Животот понекогаш е тежок“

Важно е да имате позитивен став и да бидете оптимисти, но во исто време отпорот кон тешкотиите се стекнува кога ќе го прифатите фактот дека животот не е фер. Сите ние во одреден момент од животот се соочуваме со тешкотии. Оваа вистина им помага на луѓето да престанат да ги сфаќаат работите лично кога се справуваат со проблеми и несакани настани.

4. „И ова ќе помине“

Силните луѓе сметаат дека предизвиците и тешкотиите во моментот можат да бидат крајно непријатни, но ништо во животот не е трајно. Ова не значи дека болката ќе исчезне целосно, но значи дека можеме да се обидеме со текот на времето да ги направиме непријатните настани помалку болни.

5. „Што можам да научам од ова искуство?“

Бидете отворени за нова искуства и сменете ја вашата перспектива, извлечете лекции. Тоа може да ви помогне подобро да се справите со тешките и неизбежни ситуации.

6. „Ми треба време“

Клучна компонента на отпорот кон тешките времиња е способноста да ги контролирате вашите интензивни емоции кои се појавуваат во првата фаза. Прифаќањето на фактот дека ви треба време да се прилагодите на ситуацијата ќе ви помогне подобро да ги надминете проблемите.

7. „Сè уште има работи за кои треба да се биде благодарен“

Склони сме често да забележуваме негативни работи и непријатни ситуации. Но, емоционално силните луѓе успеваат постојано да гледаат позитивни работи во својот живот, дури и ако минуваат низ непријатни моменти.

Откако прочитавте кои се најчестите фрази кои силните и емотивно издржливите луѓе ги користат за справување со тешкотиите, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 7 начини за справување со животните предизвици.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар